Симеон Здравески е инструктор на нашата Академија за Full-Stack програмирање. Тој е дипломиран софтверски инженер на ФИНКИ со особен интерес за развој на веб базирани системи. Во 2016 год. освои прво место на интернационалниот натпревар Codefest во тимско натпреварување. По натпреварот е дел од тимот што започнува стартап за имплементација на проектот.

Регистрирај се за бесплатното онлајн предавање со Симеон на тема „GIT-есенцијална алатка за секој програмер“!

 

 

Што е Stack на технологии?

Стек на технологии е комбинација на програмски јазици, рамки за развој, библиотеки и алатки кои овозможуваат да се изгради одредена апликација. Спојувањето на сите технологии и алатки што се користат во процесот на градење на апликацијата ја одредува приспособливоста и понатамошното одржување и нејзиното надградување.

Веб стекот на технологии може да се подели на два дела: клиентски и серверски.

  • Клиентскиот дел се грижи за сѐ она што крајниот корисник го гледа на екранот и сите елементи што се користат за интеракција со апликацијата;
  • Серверскиот дел e делот што не е во директна интеракција со крајниот корисник и се грижи за зачувување и организирање на податоците.

 

Илустративен приказ на клиентскиот и серверскиот дел од апликацијата

 

Што всушност претставува MERN Stack на технологии?

MERN е акроним за MongoDB, ExpressJS, ReactJS и NodejJS. MERN стекот комбинирајќи ги овие технологии овозможува да се изградат веб апликации вклучувајќи го клиентскиот и серверскиот дел.

 

  • MongoDB

MongoDB е документ ориентирана нерелациона база на податоци која за разлика од релационите бази на податоци кои имаат соодветна шема како и стриктно дефинирани табели и колони нема дефинирана шема. MongoDB ги зачувува податоците во флексибилни документи каде што големината, бројот и содржината на документите е променлив. Секоја колекција и документи може да се поистоветат со табела и редици во релационите бази на податоци. MongoDB базата на податоци може да се искористи за зачувување голема количина на неструктурирани податоци што ја прави екстремно скалабилна и популарна за користење.

 

  • ExpressJS

ExpressJS е помеѓу најпопуларните бесплатни рамки за развој на апликации со отворен код за NodeJS. Се користи за градење на серверскиот дел од веб апликациите брзо и лесно со користење на JavaScript програмскиот јазик. Како рамка за развој, подразбира дека дел од кодот што треба да го напишеме за да креираме веб апликации веќе е напишан и може да се користи како таков со цел да се олесни и забрза процесот на развој. Исто така, имаме голема слобода во креирањето на самата структура на папките и датотеките во рамките на проектот за да имаме организирана и оптимизирана структура што ќе биде лесна за одржување и надградување.

 

  • ReactJS

ReactJS е најпопуларна библиотека со отворен код која се користи за имплементирање на клиентскиот дел од веб апликацијата. Со ReactJS може да се изгради клиентскиот дел од апликацијата како мали парчиња наречени компоненти поврзани во форма на дрво. Компонентата само по себе е комбинација од HTML и JavaScript што ја содржи потребната логика за да прикаже дел од некоја целина во самата апликација.

 

  • NodeJS

NodeJS е cross platform, JavaScript runtime околина со отворен код. Дизајниран е да го извршува JavaScript кодот надвор од пребарувачите, на сервер. Со воведувањето на NodeJS потенцијалот на JavaScript значително се зголеми бидејќи до тој момент можеше да се извршува само на клиентска страна во пребарувачите. И со тоа се отвори можноста логиката на серверска страна да биде напишана во JavaScript програмскиот јазик.

 

Приказ на комуникацијата помеѓу различните технологии во MERN Stack

 

Придобивки од користење на MERN Stack

Главната предност на MERN стекот е тоа што секоја линија на код независно од тоа дали е на клиентска или серверска страна, е напишана во JavaScript. Со овој бенефит се елиминира потребата од префрлување на контекстот од еден програмски јазик на друг при развивањето на веб апликацијата. Исто така, овој стек на технологии е нашироко прифатен и со тоа има голема заедница на програмери кои секојдневно придонесуваат со споделување на знаење, конкретни проблеми и решенија со кои се соочиле при развој на одредени веб апликации, па сето тоа може да помогне што побрзо и полесно да се совладаат овие технологии и да се олесни процесот на развој на веб апликациите.

Навлезете во тајните на Full-Stack програмирањето и научете да креирате комплексни апликaции со користење на стек технологии. Тимот на инструктори од Академијата за Full-stack програмирање во Brainster несебично ќе ги споделат со вас тајните на веб програмирањето, а стекнатите знаења и вештини ќе можете уште веднаш да ги примените на работа на реални проекти. Навлегувајќи во светот на веб програмирањето, ќе имате можност да изучувате нешто ново и интересно – секојдневно.

 

Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата за Full-stack програмирање.

На Академијата за Full-stack програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!