Викторија Дамчевска е инструктор на нашата Full-Stack HR Академија. За неа би кажале дека е позитивна и харизматична личност, приземјена и човек со развиена емпатија. Работи во HR сферата повеќе од пет години и има магистрирано на Sheffield International College во Солун, на отсек MBA студии – менаџмент за човечки ресурси. Моментално работи како Head of People Operations во GrabIT. Нејзината работа опфаќа регрутација и селекција на вработени, проценка на перформансот на работењето, employer branding, организација на настани и сл.
Нејзината желба е да се стави фокус на важноста на добар HR во една компанија, да се создадат што е можно подобри идни HR-и, сѐ со цел да се зајакне компаниската култура, а со тоа и да се подобрат и условите и задоволството на вработените. Споделувањето на знаење и искуства е нејзин начин за поддршка на HR заедницата.
Запознајте ја Викторија – инструктор на нашата Академија за Full Stack HR
Име и презиме: Викторија Дамчевска
Академија: Full-Stack HR Академија
Модул: Управување со перформансите на вработените
Професија: Менаџер за човечки ресурси
Искуство: 5 години
Зошто баш HR: Огромна е честа и одговорноста да имаш влијание врз професионалниот напредок на луѓето, како и постојаната грижа околу нивниот потенцијал. Ова е професија за луѓе со трпение и подразбира постојано фаќање чекор со промените, што ја прави предизвикувачка, интересна и во голема мера креативна.
Хоби: Гледање документарци и читање книги
Омилена книга: Me, Myself, and Us: The Science of Personality and the Art of Well-Being – Brian R. Little
Омилен цитат: „The secret to life is to put yourself in the right lighting. For some, it’s a Broadway spotlight; for others, a lamplit desk.“
Уписите за следната група на Full-Stack HR Академија се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!