Александра е инструктор и ментор на нашата Full-Stack HR Академија. Со себе носи повеќегодишно искуство на различни HR позиции, во различни индустрии, меѓу кои и неколку годишно искуство на специјалистичка Training and Development позиција во брзорастечка tech интернационална компанија. Во моментов е ангажирана на позиција HR Director во една од поголемите производствени компании во Србија која брои 500+ вработени.

Во своето работење секогаш се труди да функционира како role model во презентирање на главните компаниски вредности и создавање на продуктивна и ефикасна компаниска култура. Во рамките на својата професионална експертиза најмногу ја интересираат процесите за обука и развој на луѓе, како: on-boarding, менторство, комуникациски стратегии, различни активности за процена и евалуација на перформансот, едукативни активности, coaching итн.

Од формално образование има магистерски студии по менаџмент на човечки ресурси со фокус на организациски промени, една од највиталните компетенции која секој од нас треба да ја поседува во една континуирана и динамична состојба на промена, непредвидливост и неконзистентност, во која се наоѓа светот денес.

 

Запознајте ја Александра – инструктор на Академијата за Full Stack HR

 

Име и презиме: Александра Тасевска

Академија: Full-Stack HR Академија

Професија: People Development Professional

Искуство: 10 години

Зошто баш HR?  A strong believer in leading a business through people. Бидејќи цврсто верува дека успешноста на бизнисите се должи на умешноста во водењето (да не кажам управувањето, бидејќи многу грубо делува) на луѓе.

Хоби: Mother-ing J, Cooking, Camping

Омилена книга: Who Moved my Cheese? 

Омилен цитат: „Change is the only constant in life.” 

 

Уписите за следната група на Full-Stack HR Академија се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!