Александар Нофитоски е инструктор на нашата Академија за графички дизајн. Тој е роден на 15.10.1992 година. Има завршено средно уметничко училиште и дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје како дипломиран графичар со дизајн. Со дизајнот како професија се запознава на 18 години каде што прв пат почнува да ја користи Adobe Photoshop програмата каде почнува да креира фотоманипулации. Па, потоа се пренасочува на дизајнирање на визуелни идентитети, веб страници и дизајн на апликации.
Моментално е Сениор дизајнер со над 7 годишно работно искуство во маркетинг агенции, фриленс и дизајн студио. Фокусиран на дизајнирање на визуелен идентитет, дизајн на веб страни и апликации. Своето знаење почнува да го пренесува во 2019 како ментор на Академијата за графички дизаjн во Brainster на модулот за визуелен идентитет преку работа за реални клиенти, хакатони и други проекти во областа на дизајнот.
Запознајте го Александар – инструктор на нашата Академија за графички дизајн
Име и презиме: Александар Нофитоски
Академија: Академија за графички дизајн
Модул: Визуелен идентитет
Професија: Дизајнер
Искуство: 7 години
Зошто баш графички дизајн: Дизајнот како професија го одбрав поради тоа што сакам визуелно решавање на одредени проблеми, и сето тоа да изгледа добро, а воедно и да биде функционално.
Хоби: Fitness Workout (Gym)
Омилена книга: Identity Designed: The Definitive Guide to Visual Branding – David Airey
Омилен цитат: „It’s through mistakes that you actually can grow. You have to get bad in order to get good.“
Оценка од студенти: 4.9
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!