Моника Костовска е инструктор на нашата Full-Stack HR Академијата. Таа е психолог, кариерен советник, регрутер на топ менаџмент кадри и менаџер за развој на бизнис. Своето искуство го започнува во логистичката индустрија, каде е одговорна за интернационална регрутација на кадри и развој на дефицитарните кадри кои од Македонија се распоредени на проектни локации насекаде низ светот.
Водена од предизвиците на македонската IT индустрија, неколку години од кариерата поминува на IT пазарот, повторно во делот на регрутација и тренинг и развој на кадрите. Подготвена за поголемите предизвици, во 2020г. транзитира на холандскиот пазар, каде е одговорна за регрутација на топ менаџмент кадри на големи корпорации и scale-up компании од флоралната, логистичката, нафтената, прехрамбената индустрија, како и новоразвиените индустрии за обновливи извори на енергија и смарт технологии. Исто така, работи и како консултант за развој на start-up и scale-up компании.
Запознајте ја Моника – инструктор на нашата Академија за Full-Stack HR
Име и презиме: Моника Костовска
Академија: Full-Stack HR Академија
Професија: Executive Recruiter & Business Development Manager
Искуство: 7 години
Зошто баш HR? Затоа што ги спојува моите две пасии – работата со луѓе и енигмата наречена бизнис свет, а исто така ми дава можност за позитивен импакт врз животот на луѓето.
Хоби: Функционален фитнес, јога, трчање, крипто
Омилена книга: The subtle art of not giving a f*ck – Mark Manson
Омилен цитат: „Be the change you want to see“
Уписите за следната група на Full-Stack HR Академија се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!