Запознајте го Стефан Серафимоски – алумни студент од нашата Академија за Data Science кој изминатиов период напорно работеше, посветуваше големо внимание на програмата, работеше на реални проекти и на крај, веднаш по завршувањето, неговиот труд беше награден со вработување во IT компанијата X3M Labs како Data Analyst.
Во продолжение, си поразговаравме со Стефан за неговото ново работно место
Пред сѐ, честитки за новото работно место бидејќи стигна до посакуваната работна позиција. Да почнеме од почеток, како ти се роди желбата за Data Science?
Благодарам на честитките. Желбата за Data Science ми се роди сосема случајно, кога скролајќи по социјалните мрежи ја забележав рекламата од Brainster. Ја отворив рекламата, ја прочитав целата програма која треба да се изучува на Академијата и веднаш истата ме заинтересира. Отсекогаш ме интересирала математиката и статистиката, а модулот Machine learning ми делуваше доста предизвикувачки. Со дополнително истражување на интернет, сфатив дека Data Science е навистина предизвикувачка област која е вистински кариерен избор за човек со афинитети кон аналитика, математика и статистика.
Една од „најтешките“ Академии на Brainster е Data Science, а тоа се должи на интензивната програма и работата на реалните проекти што бараат многу време за учење. Колку сметаш дека посветеноста ти помогна да дојдеш до ова вработување?
Дефинитивно не беше лесно да се биде дел од оваа Aкадемија, со оглед на интензивната програма, но и малото слободно време што ми остануваше за учење и вежбање бидејќи бев вработен додека бев дел од Академијата. Мислам дека сите што бевме од почеток до крај на предавањата и вежбите вложивме огромен труд за да го совладаме материјалиот и да се стекнеме со потребните вештини. Среќен сум што многу брзо по завршувањето на Академијата успеав да се вработам, а да одговорам на прашањето од погоре: посветеноста секогаш се исплати.
Кој модул ти беше најинтересен, а кој бараше поголем фокус и ти создаваше предизвици? Зошто? 🙂
Најинтересен, а воедно и најпредизвикувачки модул ми беше Machine Learning, пред сѐ, поради тоа што во него се сублимирани сите претходни вештини и знаења од математика, статистика и програмирање (Python).
Раскажи ни нешто повеќе за твоето кариерно патување. Како би ни го опишал целиот овој процес, од студент до вработување?
По завршувањето на Академијата, останав во контакт со претставниците од Brainster. Воедно тука би сакал да им се заблагодарам, бидејќи од нив добив препорака во компанијата во која се вработив. Потоа следеше интервју и тестирање во компанијата, за на крај да добијам понуда за вработување која ја прифатив.
Твоето ново работно место е компанијата X3M Labs. Со што се занимава оваа компанија?
Станува збор за IT компанија, која се занимава со изработка на игри, но и апликации кои се засноваат на вештачка интелигенција.
Што точно подразбира опсегот на твоите задолженија на новото работно место? На што точно ќе работиш?
Оваа е мојата прва недела во новата компанија и сѐ уште немам почнато со работа на реален проект. Мојата работна позиција е Data Analyst, па така секојдневната работа ќе ми биде работа со бази на податоци, визуализација на податоци, но и работа на NLP (Natural Language Processing) проблеми кои со нетрпение чекам да ги почнам.
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Кој е твојот совет до сите оние коишто размислуваат да започнат да учат Data Science и што би кажал за кариерните можности кои ги нуди оваа област?
За сите оние кои имаат аналитички ум и афинитет кон математика и статистика, Data Science e прав кариерен пат. Можностите се огромни, постојат премногу различни работни позиции во областа на Data Science, а верувам дека во иднина ќе се појавуваат и нови. Кога почнував со Академијата во Македонија немаше голема побарувачка за оваа област, но во последниве неколку месеци таа е навистина голема и мислам дека и понатаму ќе се зголемува. Затоа, ќе повторам за сите што размислуват: сега е вистинско време за изучување на Data Science.
На Академијата за Data Science работиме на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!