Улогата на Лилјана како HR Менаџер е да биде амбасадор на компаниската култура и да ги претвори компаниските цели во HR стратегија која ќе обезбеди продуктивна работна средина во која вработените ќе бидат среќни и ќе можат да ги остварат своите потенцијали.

Како дел од HR тимот, активно учествува во регрутација на млади таленти, нивна ориентација и on-boarding во првите неколку месеци, како и имплементација на обуки и програми за брз раст и развој и нивна трансформација во врвни професионалци за регрутирање.

Таа е магистер по правни науки со 15 годишно работно искуство, од кои последните 6 години работи како HR Manager во The Big Search International – компанија за организациски и регрутациски консалтинг, а сега е и наш инструктор на Full-Stack HR Академијата во Brainster.

 

Запознајте ја Лилјана – инструктор на нашата Академија за Full Stack HR

 

Име и презиме: Лилјана Секуловска

Академија: Full-Stack HR Академија

Професија: Менаџер за човечки ресурси

Искуство: 6 години на позицијата HR Manager

Зошто баш HR: Заради тоа што секој ден е ново искуство и нов предизвик, кој ни дава можност да учиме нови работи, да бидеме креативни и да носиме решенија кои ќе направат позитивен импакт во компанијата. Во исто време имаме прилика да се дружиме и да градиме пријателски релации со колегите од сите оддели и да бидеме инволвирани во сите функции на компанијата.

Хоби: Trash art преку рециклирање на стара хартија и изработка на накит

Омилена книга: Radical Candor – Kim Scott

Омилен цитат: „A goal without a plan is just a wish“

 

Уписите за следната група на Full-Stack HR Академија се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!