Небојша Гелевски – Бане е инструктор на нашата Академија за графички дизајн. Со повеќе од милион дизајнирани и отпечатени страни, креирани брендови на бројни компании, Небојша Гелевски – Бане е првиот човек на Кома лаб, една од водечките агенции за графички дизајн и печатење во Македонија, основана во 1993 година.
Работи како обучувач и ментор за Визуелни комуникации и визуелизирање на податоци за граѓански организации, новинари и државни институции. Гостин предавач е на повеќе факултети низ земјата. Во 1990-тите, Гелевски е еден од основачите и дизајнер на студентското списание „Елфаско“ на ЕТФ. Графички активист. Дизајнер на фонтови. Страстен вљубеник во фотографија.
Запознајте го Бане – инструктор на нашата Академија за графички дизајн
Име и презиме: Небојша Гелевски – Бане
Академија: Академија за графички дизајн
Модул: Визуелни комуникации, Типографија, Визуелно обликување на страници
Професија: Графички дизајнер
Искуство: 30 години
Зошто баш графички дизајн: Уживам во дизајнирањето! Сакам дизајнираните материјали да бидат поубави, полесно разбирливи и подостапни за корисниците.
Хоби: Македонски графички времеплов – собирам ретро дизајнирани материјали од Македонија – РетроМК
Омилена книга: Белетристика: Дино Буцати – Продавница на тајни & Non-fiction: Logo Modernism – Jens Muller, R. Roger Remington
Омилен цитат: „There are three responses to a piece of design – yes, no, and WOW! Wow is the one to aim for.“
Оценка од студенти: 5
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!