Креативно решение за редизајн на надворешниот изглед на Food Hood

Марко Михајловски е студент на нашата Академија за графички дизајн, а воедно и Dream Team студент за месец јули бидејќи е еден од студентите кои постигнаа одлични резултати на предавањата и изработија успешни проекти.

По завршувањето на предавањата, студентите од Академијата за графички дизајн започнаа со изработка на своите завршни проекти со цел да ја комплетираат програмата. Нивната задача беше да го редизајнираат надворешниот изглед на fast food ресторанот – Food Hood со цел да стане повпечатлив за потрошувачите. 

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избран токму редизајнот на Марко Михајловски.

 

Во продолжение си поразговаравме со Марко за искуството со проектите на Академијата за графички дизајн 

 

 

Здраво Марко! Ти си еден од нашите Dream Team студенти, па ние на Академијата за графички дизајн те познаваме, но како би се претставил на останатите?

Ова ми е премногу тешко прашање за одговор, па затоа искористив повикај пријател. 🙂

Решителен, емпатичен и љубезен.

 

7 месеци, многу учење и напорна работа ги заокружи со успешно креирање на неколку реални проекти, меѓу кои особено се истакнува проектот за Food Hood. Честитки за твојата истрајност. Како се чувствуваш сега со сите нови вештини и знаења стекнати изминативе месеци?

Ви благодарам. Се чувствувам подготвено! Академијата е отскочна даска ако работите константно. Менторите се со огромно искуство и ако следите внимателно, без сомнеж ќе искочите со одлично фундаментално познавање на оваа професија.

 

 

Раскажи ни нешто повеќе за твоето победничко решение за овој проект. Која беше целта што требаше да ја постигнеш?

Целта беше едноставна. Да создадеме уникатен и претпознатлив излог кој би ги примамил погледите на минувачите и би ги натерал да влезат во сендвичарата.

 

Како започна целиот процес на работа и со кои алатки се служеше?

Процесот започна со идејата да се нагласи локацијата на сендвичарата, бидејќи „мал ринг“ е од огромно демографско, културолошко и архитектонско значење за Скопје. Целта беше преку герила акција да ги интригираме минувачите и да им ја разбудиме љубопитноста да го скенираат QR кодот и да ја пратат стрелката до локацијата на сендвичарата. Од алатки се служев со Photoshop и Illustrator.

 

 

Од каде ја црпеше инспирацијата за твоето финално решение?

Инспирацијата ја црпев од цртаните „The Simpsons“, „Adventure Time“, „Beavis and Butt-Head“ и целата естетика на MTV од 90-тите со мала доза на надреализам. Целта беше да направам интерактивен излог каде што минувачите кои ја имаат симнато содржината од QR кодовите (AR инстаграм и тик-ток филтри), ќе можат да ги употребат на greenscreen-от кој се наоѓа на самиот излог, но и внатре во ентериерот.

 

Што би ни споделил за искуството како студент од Академијата за графички дизајн?

Интеракцијата со менторите и нивното несебично споделување на личните искуства и  „tips and tricks“ кои би ни биле потребни во понатамошната дизајнерска кариера. И секако, дружбата со колегите. 🙂

 

И за крај, најважната лекција што ја научи на предавањата? 🙂

Внимателно читање на брифот, длабоко истражување, адаптибилноста, вниманието и посветената работа водат до добар дизајн.

 

 

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Уписите се во тек, резервирај го своето место на време!

 

 

Како до 1.000.000€? 🤫