По успешното креирање на целосен UX/UI дизајн на новата веб страница на Види Вака, предизвикот продолжи и на Академијата за графички дизајн. 🎨

На нашата Академија за графички дизајн, студентите постојано работат на реални проекти за реални клиенти, а преку овој начин на работа тие се запознаваат со нови техники и алатки, како да ги почитуваат роковите и да создадат креативни решенија кои ќе бидат атрактивни како за клиентот, така и за корисникот.

Овој пат, тие имаа задача да работат на дополнителен реален проект и да изградат визуелен корпоративен идентитет што ќе го отсликува модерниот бренд на Види Вака, кој притоа нуди широка палета на раскажувачки формати, а содржината е јасна, разбирлива и важна за сите.

Види Вака е медиум наменет да ја информира дигиталната генерација, која вестите најчесто ги добива онлајн. Види Вака обработува, развива и продуцира вести кои се споделуваат на социјалните мрежи.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Горјан и Симона.

 

Си поразговаравме со победничкиот тим за нивното искуство на Академијата и работата на овој реален проект

 

 

Што би ни споделиле за вашето финално решение. Кој беше процесот за да се стигне до крајниот резултат?

До крајното решение стигнавме откако направивме неколку видови на логоа и го избравме она решение кое најмногу ќе ги потсетува читателите дека се работи за Види Вака , а исто така и ќе ја задржи својата претпознатливост.

 

Кои беа потребите и барањата на клиентот?

Од нас се бараше да дадеме предлог за еден целосен корпоративен дизајн и елементи кои ќе бидат репрезентативни и ќе ги истакнуваат уникатните страни на брендот, меѓутоа и покрај редизајнот да има визуелен континуитет кој ќе овозможи публиката да препознае дека станува збор за истиот бренд.

 

 

Од каде ја црпевте инспирацијата за редизајн на визуелниот идентитет и логото на Види Вака? 

Инспирацијата ја црпевме од останатите светски брендови како што се: Now This, Vox, The New Yorker, чија дејност е слична на брендот на Види Вака.

 

За овој проект, кои техники и алатки ги употребивте?

За овој проект го искористивме Adobe Illustrator за креирање на логото и Adobe Photoshop за Social media постови.

 

Која е приказната што се крие зад вашето решение?

Пробавме повеќе варијанти, но најсоодветно беше решение кое ќе наликува на тинк бокс и ќе симболизира слобода на изразување, разговор и место каде се издвојуваат некои поважни наслови.

 

 

Што научивте од оваа соработка? 

Соработката со еден ваков бренд беше вистинска можност да се види како е да се работи со еден реален клиент и да нѐ подготви за подобра комуникација со нашите идни клиенти.

 

За крај, како работата на реални проекти влијае врз вашето знаење и вештини?
Дали Академијата за графички дизајн ве подготви доволно за да можете да ја започнете вашата кариера како дизајнери?

Работењето на реални проекти за нас беше едно големо искуство, воедно и подготовка за она што во иднина нѐ очекува да го работиме како графички дизајнери. Голема благодарност до Академијата за графички дизајн што ни овозможи да работиме со реални клиенти на реални проекти.

 

 

Исто така, поразговаравме и со тимот на Види Вака за соработката со нашите студенти

 

Од каде дојде идејата да направите редизајн на вашата веб страна? Кои беа вашите барања до студентите од Академијата за графички дизајн?

Промените се неопходен дел од функционирањето во дигиталниот свет. Како медиум кој е наменет за информирање на дигиталната генерација, решивме дека потребно ни е освежување во начинот на кој ги претставуваме нашите приказни пред публиката. Тоа секако значеше целосен редизајн на Види Вака. Од тимовите побаравме освежување на комплетниот изглед и корисничкото искуство на нашата нова веб страница што ќе резонира со новитетите и трендовите на глобално ниво.

 

Дали вашиот тим е задоволен од решението што го понудија нашите студенти –  графички дизајнери?

Она што го видовме на презентациите од петте тима кои работеа на овој проект навистина ни се допадна – сите решенија беа детални и професионално изработени. Она што многу пријатно нѐ изненади беа и оние ситни детали кои ние сме ги превиделе, а студентите ги имаа опфатено во проектите. Имавме многу тешка задача да одбереме едно решение, па се одлучивме да вклучиме по некој елемент од секој од тимовите. 

 

Кој е вашиот фидбек за целокупната соработка? Вашиот совет до студентите за во иднина? 🙂

Како и секоја соработка со креативни млади умови, така и оваа помина беспрекорно. Посветеноста на студентите е навистина за пофалба, а советот што би им го дале е да продолжат да си го трасираат патот кон успеси, без разлика на препреките што ќе им се најдат на професионалниот пат. Она што е најважно е на секој предизвик да му се пристапи со елан и желба за работа.



На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Уписите се во тек, резервирај го своето место на време!

 

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа.