Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите. 

Секој месец избираме по еден студент од секоја Академија – студент што се истакнува како најпосветен и најупорен, и како таков ќе биде дел од Dream Team-от.

 

Напорната работа секогаш дава добри резултати. Запознајте ги нашите Dream Team студенти за месец август:

 

Ахмет Адем – студент на Академијата за Front-End програмирање


„Идејата дека би можел да создадам нешто од ништо или да изнајдам решение за постоечки проблем е она што ме мотивира постојано да учам. Знаејќи го фактот дека мојата напорна работа и упорност ќе ми помогнат да постигнам поголем професионален успех е тоа што ме мотивира. Кога знам дека моите напори одат по правилниот пат, тоа ме охрабрува да се залагам уште повеќе. 

Aкадемијата ми овозможи континуирано да учам и да се надградувам за да напредувам. Би сакал да им се заблагодарам на инструкторите Кристијан, Ристе, Благица, Симеон и Алекс, кои секогаш се достапни за прашања и консултации, и ми овозможија да развијам различни вештини. Би сакал да продолжам и понатаму со исто темпо во своето надградување. Ми претставува вистинска чест да сум дел од тимот со кои одлично се сложуваме. Филип, Панди, Зоран, Стефан и Владимир се многу ведри луѓе кои имаат интересни идеи и шират позитивна енергија.

По завршувањето на оваа Академија ќе продолжам да вложувам време за мојот развој во програмирањето и верувам дека ќе успеам да ја постигнам мојата цел, која е да уживам во тоа што го работам и за 5 години да бидам баран програмер кој би бил познат по неговите успеси, а исто така, би им помагал на сите други ентузијасти кои сакаат да станат успешни програмери.“ – ни кажа Ахмет

 

Ана Коцева – студент на Академијата за Data Science


„Бидејќи мојата професија е од областа на ИТ индустријата која многу брзо се менува и напредува, сакам да бидам во тек со сите нови трендови. Data Science како релативно нова гранка во оваа сфера ми е посебно интересна и привлечна, што беше пресудно да се запишам на оваа Академија. Најинтересен дел од оваа Академија, до сега, ми беше делот за Datawarehouse со инструкторот Марјан Пушев, како и делот за Power BI и посебно јазикот DAX со инструкторот Александар Бошевски.  

Со завршување на оваа Академија, очекувам да се здобијам со малку повисоко од основно познавање на Data Science, да можам да се приклучам и активно да придонесувам во некој ваков тим. Сите инструктори што ги запознав до сега биле одлични, со прекрасен пристап кон студентите и максимална посветеност. Во иднина, сакам да можам успешно да ги вклопам мојата сегашна професија – Software Developer со Data Science. Да станам успешен Data Scientist, а можеби и учесник во некое AI истражување.“ – ни кажа Ана

 

Денис Ристовски – студент на Академијата за Full-Stack програмирање


„Емоцијата која е присутна кога неколку часовното решавање на некој предизвик ќе се претвори во успех е непроценлива и ми дава мотивација да продолжам со уште поголем ентузијазам кон решавање на следните предизвици. По завршувањето на
Академијата, очекувам дека ќе стекнам доволно знаења за да ја започнам мојата кариера во IT секторот, и секако да продолжам да учам и да ги надградувам моите знаења. 

Најинтересната работа што ја имам научено дп сега е пристапот и начинот на решавање, односно начинот на размислување како да се изнајде решение на даден проблем. Сите инструктори ми имаат оставено одличен впечаток, секој на свој начин. Но, ако би морал да издвојам еден тоа е Ивица. Атмосферата што владее на неговите предавања е секогаш на високо ниво. За 5 години се гледам себеси како успешен програмер, што ќе може да ги пренесува знаењата на луѓе кои се почетници во светот на програмирањето.“ – ни кажа Денис

 

Неда Стоичкова – студент на Академијата за графички дизајн


„Она што мене ме мотивира е кога самата содржина и начинот на кој е пренесена е интересна и интерактивна. Исто така, фактот што научениот материјал лесно го совладувам дополнително ме мотивира. Не можам да издвојам една работа која ми била најинтересна, но можам да кажам дека ми беше интересно споделувањето на личните искуствата поврзани со дизајнот од страна на инструктурите и самиот начин на кој ги водеа предавањата.

По завршувањето на Академијата, очекувам да продолжам да ги продлабочувам моите знаења и да добијам можност да ги употребам моите ново-стекнати способности во областа на дизајнот. Најголем впечаток ми оставија Иван и Бане, бидејќи беа секогаш достапни за сите дополнителни објаснувања и ја предаваа содржината на најинтересен начин. За 5 години сакам да бидам успешен професионалец во областа која што ќе ја одберам.“ – ни кажа Неда

 

Златко Чавдаров – студент на Академијата за Software Testing


„Мотивацијата ја пронаоѓам во константното учење на нови вештини, односно желбата за постојано надградување како личност која се труди да остави свој белег во она што го прави. Најинтересни работи кои ги научив на
Академијата досега се: различните типови на тестирање, начинот на пишување на добри test case-ови, пријавување на bug-ови во прецизно изработени defect report-и, тестирање на software со развиена back-end логика.

До сега, можев да следам предавања од одлични инструктори, почнувајќи од Моника која нѐ внесе во светот на Software Testing , Билјана која ни ги покажа разните типови на тестирања, хеуристики и мнемоники и Фросина која нѐ внесе во модулот објектно ориентирано програмирање, кое пак е појдовна точка за автоматското тестирање. Секоја од нив беше посебна на свој начин. По завршувањето на Академијата очекувам да почнам да го применувам стекнатото знаењето, да продолжам да учам и да го надградувам своето знаење.“ – ни кажа Златко

 

Викторија Андонова – студент на Академијата за дигитален маркетинг


„Успехот, љубопитниот дух и желбата за напредување ме поттикнуваат да учам континуирано. Сите модули кои ги учевме на
Академијата за дигитален маркетинг се многу интересни, но би го издвоила креирањето на Landing Page во Elementor. Никој не би очекувал еден маркетер да знае да креира солиден Landing Page! По завршувањето на Академијата очекувам да сум поткована со потребното знаење за започнување на кариера во оваа област.

Секој инструктор на Академијата е експерт во она што го предава и знаењето го пренесува несебично, така што секој има свои мали финеси кои го двојат! Ако морам да одберам, тоа би била Ива Дујак бидејќи е позитивен пример за успешен инструктор и успешна жена. За 5 години сакам да бидам сениор маркетер во одредена област која допрва ќе ја одберам – мојата љубопитна природа ќе ме држи во неизвесност до крај на Академијата.“ – ни кажа Викторија

 

Даниел Попадиновски – студент на Академијата за UX/UI дизајн


„Секојдневието, работата и љубопитноста се мотив постојано да учам нови работи, а во моментов најголема мотивација ми е UX/UI дизајнот. Досега с
ѐ што се учеше на Академијата за UX/UI можам да кажам дека беше многу интересно, ама како заклучок ќе кажам, научив дека за секој проблем постои решение, поедноставен и поразбирлив пристап до целта. Очекуваниот резултат по завршување на оваа Академија е да научам многу за UX/UI дизајнот и секако нови предизвици.

Од инструкторите, имавме чест да се дружиме со Барбара и Мартин (Сергеј и Дијана во пред-програмот за Illustrator и Photoshop) и можам да кажам дека се вистински професионалци во својата област и несебично го предаваат своето знаење на студентите. Опуштена атмосфера на предавањата и многуте прашања претставува едно убаво искуство и со нетрпение се чека следното предавање. За 5 години се гледам како senior ux designer со големо портфолио, можеби и сопствена компанија. “ – ни кажа Даниел


Ова се студентите кои покажаа ентузијазам, иницијатива и пронајдоа нови начини да бидат инволвирани за време на заедничките активности. Со видна креативност и самодисциплина, ги користеа своите инстинкти за совладување на проблемите независно, но и покажаа конзистентна соработка со инструкторите и останатите студенти. Останаа фокусирани на сè што им беше зададено, при што покажаа и транзиција без проблем помеѓу активностите во Академијата и надвор од неа, а исто така, останаа и посветени за достигнување на нивниот потенцијал. Нивните проекти и задачи ги извршија комплетно, уредно и со неверојатна организација со што ги надминаа и нашите очекувања.

На крај, сакаме да им кажеме фала на студентите од Dream Team-от кои ни овозможија да го извршиме нашиот дел како ментори, бидејќи иако нашата работа е да создадеме средина погодна за учење, вие создадовте средина погодна за предавање. 

 

Уписите за Академиите се во тек, резервирај си место тука!

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа

Related Stories For You