Методологијата на работа и креирање на наставните програми во Brainster се базира на постојанa анализа и следење на трендовите во ИТ индустријата и пазарот на труд, но, и константно подобрување врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.
Во сѐ побрзиот развој на дигиталниот свет и сѐ поголемиот број на онлајн бизниси, постојано расте потребата од веб апликации, а со тоа и побарувачката за веб девелопери. Од анализата на побарувачката на ИТ компаниите во земјата, но и од релевантните извештаи и статистики на глобално ниво, се забележува растечки тренд на побарувачката за девелопери кои имаат познавање од модерните веб технологии. Освен веќе потврдениот JavaScript и React, кој е прв избор кога станува збор за изработка на моќни и скалабилни апликации, вртоглав раст и популарност доживуваат и технологиите кои се дел од неговиот екосистем: Typescript и Next.js.
Зголемената продуктивност и брзиот развој на апликации, се само дел од причините за големата побарувачка за Typescript девелопери. Според релевантни извори, Typescript се рангира во топ 5 програмски јазици за 2021 година, а над 70% од JavaScript девелоперите веќе го користат TypeScript, и повеќето од нив го претпочитаат над JavaScript. Ако на ова се додаде фактот дека гиганти од tech индустријата како: Microsoft, Google, Paypal, Oracle, Slack и многу други, силно го поддржуваат и го имаат вклучено во стекот на технологии врз кои ги креираат своите продукти, не е тешко да се претпостави дека ќе остане меѓу најпопуларните јазици уште долго време.
Брзиот раст на популарнoста која моментално ја ужива Next.js пак, се базира пред сѐ на неговите основи карактеристики: брз и ефиксен развој на веб апликации, подобрено корисничко искуство и SEO оптимизација. Релевантни статистички извори потврдуваат дека Next.js станува омилен и меѓу девелоперите, а на листата на компании кои веќе го користат за изградба на свои продукти се најдоа компании како: Netflix, Nike, TikTok, Uber, Starbucks и др.
Земајќи го сето ова во предвид, ја збогативме програмата на Академијата за Front-End програмирање со три нови модули: SASS, Typescript и Next.js. Така, воведувањето на модулот SASS природно се надоврзува на модулот CSS, бидејќи SASS и по дефиниција претставува надградба на стандардните CSS карактеристики и зголемена продуктивност во пишувањето CSS. Модулите Typescript и Next.js пак, се додадени како надополнување на модулите за JavaScript и React, поточно истите претставуваат дополнување на стекот на технологии кои се очекува да ги познаваат денешните front-end девелопери.
Новите модули ќе ги заокружат знаењата кои студентите ги стекнуваат на нашата Академија за Front-End програмирање, а нивниот сет на програмерски вештини ќе биде многу порелевантен на побарувањата во ИТ секторот. Ревидирањето на постоечките модули и нивната оптимизација несомнено ќе биде многу поефикасна и ќе донесе многу поголема вредност за студентите, а со тоа и започнувањето на кариера како веб девелопер веднаш по завршувањето на Академијата многу поостварлива.
Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!