Нов реален проект, нов предизвик на Академијата за UX/UI дизајн.  🌐

Овој пат, студентите имаа задача да направат целосен UX/UI дизајн на новата веб страница на Види Вака. Станува збор за една насловна страница и неколку внатрешни страници со различна намена кои треба на динамичен начин да ја прикажат нивната работа и различните формати на раскажување кои ги нудат, а воедно и да го истакнат квалитетот на истите.

Види Вака е медиум наменет да ја информира дигиталната генерација, која вестите најчесто ги добива онлајн. Види Вака обработува, развива и продуцира вести кои се споделуваат на социјалните мрежи.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Дарко, Ана, Олгица и Драгана.

Дарко, Ана, Олгица и Драгана се студенти од нашата Академија за UX/UI дизајн, а воедно и едни од студентите кои покажаа одлични перформанси и голема страст кон овој тип на дизајн, а со тоа и изработија неколку успешни реални проекти. 

 

Си поразговаравме со победничкиот тим за нивното искуство на Академијата и работата на овој реален проект

 

 

Раскажете ни нешто повеќе за вашето финално решение. Кој беше процесот за да се стигне до крајниот резултат?

Процесот беше придружен со многу истражување и со размислување за атрактивноста на крајното решение кај повеќе целни групи, вклучувајќи нѐ и нас самите како лица кои ги следат Види Вака. Важно беше, како наративноста да се направи визуелно атрактивна и прегледна, создавајќи притоа простор и за другите раскажувачки форми, кои Види Вика сака да ги претстави на публиката.

На почетокот направивме истражување на неколку конкуренти, а исто така, имавме и предлог на конкуренти кои ни беа посочени од тимот на Види Вака. Врз база на тоа истражување, направивме анализи кои ни помогнаа во градењето на новата веб страница на Види Вака. Следниот чекор беше изработката на wireframes, сите имавме свои идеи кои подоцна беа преточени во една и од тука преминавме на UI делот.

 

Како се одвиваше целата соработка и кои беа барањата од страна на клиентот?

Види Вака, како тим кој на нас ни беше достапен за комуникација и сугестии, беше неприкосновен и многу отворен. Нивниот претходен бриф и стилската книга која ја доставија, беше јасна за веднаш да почнеме да размислуваме за исполнување на нивните очекувања од аспект на дизајн, функционалност, компатибилност и сл. Нивната цел беше редизајн на постоечката веб страница, а во текот на изработката на проектот имавме неколку консултации кои нѐ носеа до самото решение.

 

 

Од каде ја црпевте инспирацијата за редизајн на веб страницата на Види Вака?

Најчесто посегнувавме по слични портали, веб страници на други големи медиуми, но, исто така и на платформи со структурирани содржини од различен вид, размислувајќи постојано како најдобро би ги прилагодиле идеите до спецификите на нашето културно-општествено поднебје. Најголемата инспирација ја црпевме од самите конкуренти, ги воочувавме нивните недостатоци и предности, и тоа ни помогна во изградба на ова решение.

 

Кои техники, алатки, методи се употребени за овој проект?

Како што напоменавме и погоре, на почетокот направивме истражување кое ни помогна во изработка на анализите, а главната алатка која ја користевме за изработка на овој проект е Figma.

 

 

Како успеавте да се соочите со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креирате едно функционално решение?

Тимската работа пред сѐ и добрата организација ни помогнаа многу за да креираме едно функционално решение. Види Вака беше голем проект, каде имавме задача да изработиме страни за повеќе теми, но со добра координација и тимска работа успеавме да креираме функционално решение.

 

Што научивте од оваа соработка?

Со секоја тимска работа се учи по нешто ново, треба да се сослушаат сите членови од тимот за своите идеи и да се прави компромис.

 

За крај, како работата на реални проекти влијае врз вашето знаење и вештини?
Дали Академијата за UX/UI дизајн ве подготви доволно за да можете да ја започнете вашата кариера како UX/UI дизајнери?

Работата на реални проекти е клучна врз градењето на вештините, Академијата за UX/UI дизајн е доста обемна и ги покрива сите чекори кои се потребни за започнување на една кариера како UX/UI дизајнер.

 

 

Исто така, поразговаравме и со тимот на Види Вака за соработката со нашите студенти

 

Од каде дојде идејата да направите редизајн на вашата веб страна? Кои беа вашите барања до студентите од Академијата за UX/UI дизајн?

Промените се неопходен дел од функционирањето во дигиталниот свет. Како медиум кој е наменет за информирање на дигиталната генерација, решивме дека потребно ни е освежување во начинот на кој ги претставуваме нашите приказни пред публиката. Тоа секако значеше целосен редизајн на Види Вака. Од тимовите побаравме освежување на комплетниот изглед и корисничкото искуство на нашата нова веб страница што ќе резонира со новитетите и трендовите на глобално ниво.

 

Дали вашиот тим е задоволен од решението што го понудија нашите студенти – UX/UI дизајнери?

Она што го видовме на презентациите од петте тима кои работеа на овој проект навистина ни се допадна – сите решенија беа детални и професионално изработени. Она што многу пријатно нѐ изненади беа и оние ситни детали кои ние сме ги превиделе, а студентите ги имаа опфатено во проектите. Имавме многу тешка задача да одбереме едно решение, па се одлучивме да вклучиме по некој елемент од секој од тимовите. 

 

Кој е вашиот фидбек за целокупната соработка? Вашиот совет до студентите за во иднина? 🙂

Како и секоја соработка со креативни млади умови, така и оваа помина беспрекорно. Посветеноста на студентите е навистина за пофалба, а советот што би им го дале е да продолжат да си го трасираат патот кон успеси, без разлика на препреките што ќе им се најдат на професионалниот пат. Она што е најважно е на секој предизвик да му се пристапи со елан и желба за работа.

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа.