Запознајте ги инструкторите – Огнен Трипуноски

Огнен Трипуноски е нашиот нов инструктор на Академијата за Project & Product Management. Дипломиран машински инженер со 10 годишно работно искуство во делот на индустриски инженеринг и проект менаџмент. Воден од основните вредности на интегритет, упорност и постојана желба за личен развој, своето патување во професионалниот свет го започнува како раководител на група за одржување на индустриски машини во една од најстарите македонски компании за производство на челик „МАКСТИЛ“, а една година подоцна, дијагонално надолу во линијата на хиерарихијата преминува во автмобилскиот свет и станува дел од „Johnson Matthey – Clean Air Macedonia”, со цел да изучи нови области и начини на работа како дел од тимот за контрола на квалитет.
После 3 години размислува дека е време за нова промена и дека му е потребна поинспиративна и попредизвикувачка работа со цел да научи нови вештини и да стекне нови искуства, така што во истата компанија станува дел од тимот за имплементација на мали проекти како дел од стратегијата за континуирано подобрување, кој понатака се пренасочува во оддел за имплементација на капитални проекти од висока вредност.
Денес, после 4 години напорна работа и докажување, во целост го презема водството врз тимот со кој работеше како „Менаџер на одделот за проекти и менаџер за капитални проекти“ со што добива шанса да го развива својот тим во успешни професионалци, а со тоа да придонесат кон развојот и реализацијата на долгогодишната стратегија на компанијата.
Лично смета дека најдобрата инвестиција што може да ја направи било која компанија е инвестицијата во развојот на своите вработени, бидејќи тие се единствените кои можат да креираат вредности, затоа што пазарот креира потреба, а луѓето се тие кои ќе ја испорачаат бараната вредност.
Запознајте го Огнен – инструктор на нашата Академија за Project & Product Management
Име и презиме: Огнен Трипуноски
Академија: Академија за Project & Product Management
Модул: Основи на управување со проекти & Циклус и фази на проектот и проектни методологии
Професија: Машински инженер
Искуство: 10 години
Зошто баш Project & Product Management: Затоа што е предизвик, овозможува реализација на било која идеја или визија, се состои од многу тимска работа, од многу посветеност и е доста забавен.
Хоби: Реставрација на винтиџ тркачки велосипеди
Омилена книга: Патот по кој поретко се оди – Скот Пек
Омилен цитат: „Creativity is intelligence having fun“
Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!