Запознајте ја Матилда Коп – наш студент на Академијата за UX/UI дизајн која започна да работи на практикантска позиција во италијанската компанија Gate42 како UX дизајнер. Таа е личност која бара предизвици каде и да оди бидејќи благодарение на нив може да го постигне посакуваниот професионален и личен раст и развој.
Си поразговаравме со Матилда за нејзиното искуство на оваа Академија и новото работно место
Здраво Матилда! Ти си наш студент од Академијата за UX/UI дизајн. Ние веќе те знаеме, но што би споделила со останатите? Која е Матилда?
Матилда е вљубена во дизајнот. Дизајн во секоја форма и изглед. Сака да посвети внимание на просторот околу неа и да анализира како дизајнот влијае врз луѓето и каков импакт остава на нив.
Пред сѐ, честитки за почетоците на твојата кариера на практикантска позиција во Gate42. За почеток, кажи ни од каде се роди желбата и зошто се одлучи за овој тип на дизајн?
Првенствено овој дизајн дава огромна слобода во изразувањето, креативноста е пуштена слободнo да лета. Но, од друга страна ние сме во служба на луѓето, главен фокус ни е да го подобриме и олесниме животот на нашите корисници. Тој баланс помеѓу модерно и фунцинално знае да биде еден од најголемите предизвици во нашата работа. А, кога на сето ова ќе ја додадеме и бизнис компонентата, придизвикот уште повеќе расте.
Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ во животот. Како си помина на Академијата за UX/UI дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?
Секако! Големи! Јас без никакво познавање влегов во индустрија за која ништо не знаев. Индустрија која била секаде околу мене, сум ја користела, била дел од моето секојдневие, но никогаш не сум размислувала како таа индустрија изгледа позади сцената. Епа, Brainster успеа тој предизвик да го направи забавен и effortless. Целиот процес се одеше чекор по чекор, со многу теорија, примери, домашни задачи, пак теорија, хакатони… И без да приметиш ти веќе ја работиш работата на еден UX/UI дизајнер, без да приметиш ти веќе дизајнираш решенија, дизајнираш концепт на поквалитетен живот.
Уште си на Академијата за UX/UI дизајн, а веќе започна да работиш на практикантска позиција во италијанската компанија Gate42. Како се одвиваше процесот за да стигнеш до тука? Што сѐ беше потребно?
За мене беше клучно да имам завршени решенија на проектите на кои работев. Преку нив можев да ги покажам и претставам моите вештини, начинот на размислување, стилот на работа и дизајнирање. Многу помогна и фактот дека јас веќе имав изготвено свое портфолио, па целиот процес на претставување одеше малку полесно.
Што би можела да ни споделиш за оваа компанија, која е нејзината област на работа?
Gate42 има во продукција неколку соствени продукти, кои долги години се градени, негувани. Главната цел на овие дигитални решенија не е само да се олесни секојдневието на корисниците, туку да се внесе поголема вредност, поголем квалитет на живот. Сите продукти се од различна област и индустрија што ни овозможува нас да бидеме тим со разнолики експертизи.
Како изгледа еден твој работен ден? Што работиш моментално и кои техники и алатки ги користиш?
Во Gate42 моментално работиме на нашиот најнов продукт кој ќе има за фукција да ја олесни работата на хотелиерите, каде комуникацијата помеѓу гостите и вработените ќе се одвива полесно. Денот секогаш го започнуваме со кафе и тимски состанок 🙂 Тука се дискутираат предизвиците со кои се соочуваме и како ќе им пристапиме. Се дефинираат и планираат работните задачи кои треба да ги извршиме во текот на денот. Работиме по Scrum Agile метода, каде работата во тим е од круцијален карактер. Од алатки користам XD, каде всушност се одвива целото дизајнирање.
Што значи UX/UI дизајнот за тебе?
Во една прилика познатиот фотограф Platon изјави дека според него: “Great design simplifies a very complicated world”. Тоа за мене беше клучен моето дефинирање на суштината на UX/UI дизајнот. Наша работа како дизајнери е да дизајнираме решенија.
Како UX/UI дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?
Како простор за постојана еволуција и подобрување, потрага по едноставни решенија кои би ги научиле луѓето на еден поедноставен и поквалитетен живот.
На кое твое достигнување си најмногу горда во животот?
Работата во тим! Можноста да научиш да слушаш и прифатиш туѓи идеи, перцепции и гледишта, не е eдноставна работа. Но, според мене многу е важно во тој процес да успееш да се дефинираш каков тимски играч сакаш да бидеш.
Каде се гледаш за 5 години во иднина?
Се гледам како личност која бара предизвик каде и да оди, некој кој смета дека личниот раст и развој се дел од секојдневието, личност која секогаш се стреми кон експанзија, персонална и професионална.
За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувала сите оние кои допрва размислуваат за кариера како UX/UI дизајнери и сакаат да превземат ваков чекор?
За изборот на баш оваа Академија е задолжен еден од координаторите од другите академии. По влезното интервју тој успеа да процени дека моето место е токму на Академијата за UX/UI дизајн, дека тоа е областа каде јас можам да го дадам целиот мој потенцијал. И да ви кажам сум преблагодарна, за прв пат се чувствувам како да го одам вистинскиот пат, а за тоа говорат и досегашните искуства. За сите кои се во процес на размислување, би ги советувала секогаш да се стремат кон тоа што ги исполнува, да истражуваат и експериментираат, како и секогаш да се подготвени за нови искуства и предизвици.
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!