Запознајте ја Кристина Симоновска – алумни студент од Академијата за Software Testing, која веднаш по нејзиното завршување влезе во IT светот и започна да работи на практикантска позиција во компанијата Armedia.

Таа е една од студентите кои покажаа значителен успех на Академијата, голема амбиција и посветеност, и резултираа со ново работно место.

 

Си поразговаравме со Кристина за нејзините студентски денови и новото работно место

 

Здраво Кристина, раскажи ни нешто повеќе за себе!

Здраво 🙂 ! Себеси се гледам како решителна и одговорна личност, секогаш си поставувам високи цели и не се плашам од неуспех. Во слободно време, гледам да излезам од градскиот метеж и да се опуштам во природните убавини. Уживам во добро друштво, а тоа ме прави и добар тимски играч.

 

На што се должеше твојот избор да се запишеш на Академијата за Software Testing?

Целата ситуација за тоа како се одлучив за Академијата за Software Testing беше малку комична, со оглед на тоа што немав никакво познавање од IT сферата и во што навлегувам, но денес сум презадоволна и пресреќна од себеси што го направив овој чекор. Software Testing ми звучеше како идеална професија за мене, во што и се уверив.

 

Раскажи ни за твоите студентски денови. Што ти претставуваше најголем предизвик за време на предавањата и учењето на нови нешта?

Големата посветеност на инструкторите ми го олесни процесот на учење и разбирање, па така студентските денови ми беа многу интересни и интригантни. Од модулите, не можам да издвојам еден кој ми претставуваше најголем предизвик затоа што секое ново предавање носеше свои предизвици, кои со доволна посветеност и учење ги надминав успешно.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за Software Testing започна да ја градиш својата кариера како практикант во фирмата Armedia. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Дефинитивно најтежок дел од процесот беше неизвесноста. Имав неколку неуспешни интервјуа, недобиени позиции, но тоа не ме натера да се откажам. Го најдов огласот на Armedia, аплицирав и по една недела имав интервју, кое успешно помина и се вработив како практикант.

 

Кажи ни нешто повеќе за оваа компанија и кои се твоите обврски како тестер?

Се работи за компанија која уште од 2002 година служи како специјализиран провајдер за решенија во управување на бизнис содржини (ECM).  Кога започнав, учев за продуктите затоа што се обемни и секој со своја комплексност, сега веќе егзекутирам постоечки test cases, а истовремено пишувам нови. Секој ден е подинамичен, некогаш пишувам и bug report доколку има некој дефект/bug, работам и на автоматизација во Cypress. Не постои ден, а да не научам нешто ново и да се усовршувам повеќе како тестер.

 

За крај, што би им препорачала на сите што сакаат да станат идни software тестери?

Иако уште немам многу искуство и стабилност како софтвер тестер, на идните тестери им препорачувам никогаш да не се откажуваат затоа што if you can dream it, you can do it! И дечки навистина вреди.

 

На Академијата за Software Testing работиме на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА