Бојан Стојковски е алумни студент од Академијата за Front-End програмирање, кој скоро една година работи како front-end developer во редовите на tech тимот на Brainster, изработувајќи динамични и интерактивни веб платформи. Предава дел од React.js модулот и учествува како ментор на хакатоните на оваа Академија.

 

Прочитајте што има Бојан да каже за популарноста на React.js и неговото користење

 

За почеток мааалку историја. 🙂

React.js е креиран од Jordan Walke, софтверски инженер во Facebook кој под влијание на XHP- HTML библиотеката со компоненти за PHP објавувува ран прототип на React наречен „FaxJS“. Првпат е употребен на News Feed – Facebook во 2011 година, а подоцна и на Instagram во 2012 година. Потоа станува open source софтвер на една од конференциите за JavaScript – JSConf US во мај 2013-та година, а оттогаш се шири со брзина на светлината и многумина ќе речат дека е број еден алатка при избор за front-end web development и развој на мобилни апликации.  

Различни релевантни анкети покажуваат дека React.js го користат повеќе од 46% од сите сајтови во светот. Некои од поголемите tech компании како Facebook, Instagram, WhatsApp, Yahoo Mail, Uber, Discord, CodeCademy, DropBox и други, се базираат на React.js или React Native.

 

 

Па, што ја прави една алатка да биде добра и посакувана за користење?

Да биде ефикасна и лесна за користење, ќе се согласите, нели?

React е релативно млада алатка, па сепак првото нешто што укажува на тоа дека React.js ќе се задржи подолго време како прв избор во front-end development сцената е фактот дека многу поуспешно се справува со проблемот кој го имаат сите фрејмворци, а тоа е растот. React.js успеа да остане многу мал во однос на останатите фрејмворци како Angular или Vue во ист временски интервал или иста база на корисници, по ваша желба.

 

  • Ултра брз и лесен за учење

Освен тоа што е ултра брз и лесен за учење, дозволува пишување на JSX код, што претставува комбинација од HTML и JavaScript, а исто така, претставува екстензија на синтаксата на JavaScript. Неоспорен е фактот дека JSX му го олеснува животот на секој front-end програмер поради флексибилноста која дозволува пишување на JavaScript со HTML.

 

  • React.js работи со компоненти

Компонентите дозволуваат програмерите да ги разложат комплексните графички кориснички интерфејси (GUI) во мали компоненти, а промените во истите да се прикажуваат на ниво на самите компоненти без неопходно освежување на целата страна. Ова ја прави апликацијата пред сé поефикасна во поглед на користење на ресурсите на уредот на кој се извршува, а потоа и попријатна за користење бидејќи иста компонента може да се реупотреби на многу места со малку конфигурирање наместо истиот код да се пишува одново и одново. 

 

  • SEO friendly

Многу важен факт е дека React.js е SEO friendly што за другите фрејмворци беше огромна кочница. И до ден денес случај е ист, бидејќи Интернет пребарувачите како Google и Bing имаат проблем при читање на апликациите богати со JavaScript. Но, и тука React.js се истакнува пред останатите бидејќи поддржува SSR (Server Side Rendering).

 

  • Најбрз можен перформанс 

React доаѓа со основната цел да достави најбрз можен перформанс при приказ на апликациите и според моето лично искуство, навистина е неверојатен во тој поглед. Понекогаш самиот не можам да се изначудам на комплексноста на кодот и обемот на податоците кои се содржат во самите компоненти кои треба да се прикажат, наспроти неверојатно краткото време за вчитување и прикажување на истите во прелистувач, но и глаткоста на апликацијата при интеракција со истата по вчитувањето.

За тоа е заслужен виртуелниот DOM на React којшто ја прави апликацијата брза. Виртуелниот DOM е механизам со кој React не манипулира директно со елементите на дадена веб апликација, туку одржува своедвидна копија на сите елементи врз кои аплицира промени, а реалните елементи се синхронизираат со секоја промена врз копијата (виртуелниот DOM). На овој начин не треба целата веб апликција да се рендерира одново и одново на секоја ситна промена, туку се ре-рендерира само елементот во кој има промена помеѓу реалната и виртуелната верзија.

Ова секако не е новитет во React бидејќи се користи и во други front-end фрејмворци, меѓутоа React е еден од првите фрејмворци кои што почнува активно да го користи и како таков виртуелниот DOM е длабоко вкоренет во самиот фрејмворк.

React е огромен скок напред во светот на front-end веб и мобилни апликации како неверојатно решение за развој на апликации.

 

 

Дали React ќе опстане на пазарот и вреди да се изучува?  

Дефинитивно да! Бидејќи како технологија е ефикасна, лесна за совладување и има огромна и постојано растечка заедница којашто работи на нејзино директно подобрување и на креирање на ресурси за нејзино лесно совладување.

Основните карактеристики опишани во текстот секако се само дел од можностите и карактеристиките поради кои Rеact.js е најдобар избор за технологија погодна за програмери кои штотуку се запознаваат со тајните на front-end програмирањето.


Дознајте и самите зошто React.js е една од најкористените ЈavaScript библиотеки за изработка на интерактивни интерфејси. Академијата за Front-end програмирање во Brainster овозможува да се стекнете со неопходното знаење за да креирате моќни, брзи и реактивни апликации. Навлегувајќи во светот на веб програмирањето, ќе имате можност да изучувате нешто ново и интересно – секојдневно.

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.