Happy November, everyone! 🎃
Како што крајот на годината полека се приближува, Brainster заедницата работи понапорно од било кога, со цел да ги овозможи кариерните трансформации на студентите и да им обезбеди незаборавно искуство работејќи на реални проекти за реални клиенти кои влегуваат директно во нивното портфолио.
Spoiler alert: Опсесивната грижа кон нашите студенти резултираше со 31 вработување изминатиов месец. Ги споделуваме нивните приказни подолу за да ве инспирираме и се надеваме дека ќе предизвикаме насмевка на вашето лице.
Па така, новостите од месец октомври се однесуваат на: подобрувањето на искуството на нашите студенти, претставувањето на инструкторите, најчитаните блог објави на Brainster, проектите кои успешно ги завршија студентите и вработувањата со кои беа наградени.
- 6 месеци од платформата за ко-иновации и вработување на Brainster
Нов месец, нови достигнувања! 🚀
Изминатиов месец, платформата за ко-иновации и вработување на Brainster заокружи 6 месеци од нејзиното постоење. Исто така, во месец октомври 31 од нашите студенти започнаа да ја градат својата кариера во домашни и интернационални компании, успешно завршија 5 реални проекти и склопивме 3 нови партнерства за вработување. Наскоро ќе дознаете повеќе.
Додека пак, месец септември е месецот кој резултираше со 18 нови вработувања и 3 успешни реални проекти кои нашите студенти ги изработија за време на предавањата на Академиите, a листата на партнери за вработување на Brainster се збогати со уште еден нов партнер – компанијата Pabau Clinic Software. Прочитај повеќе.
- Компаниите имаат сѐ поголема потреба од Full-Stack HR професионалци
Можеби веќе сте запознаени дека Full-Stack како поим е тесно поврзан со програмирањето, но неговата употреба во светот на човечките ресурси е далеку поразлична. Денес пазарот станува сѐ поголем и поконкурентен, а со тоа се наметнува потребата на организациите од Full-Stack HR професионалци. Во овој текст, ќе дознаете како овој поим може да се аплицира и на менаџментот на човечките ресурси. Прочитај повеќе.
- Започни ја својата маркетинг кариера!
Ако сакаш да започнеш кариера како дигитален маркетер биди сигурен дека нема подобар тајминг од сега. 🚀
Преку паметни концепти, storytelling, анализа на податоци, e-mail кампањи, платени search реклами, комуникација на социјалните медиуми и нормално, разбирање на однесувањето и потребите на клиентите, лесно ќе се издвоиш. Ако ги имаш овие вештини, прашањето е како да дојдеш до работа како дигитален маркетер и да започнеш кариера од соништата. Прочитај повеќе.
- Придобивки од користењето на Next.js за креирање на моќни и брзи веб апликации
„Во последно време, на листата на технологии кои доживуваат вртоглав раст и популарност се најде NextJS, а сѐ поголем е и бројот на девелопери кои го вклучуваат во стекот на технологии врз кои ги градат своите проекти.“
Огнен Бендевски е инструктор на Академијата за Front-End програмирање, кој ни го сподели своето размислување на тема продобивки од користење на Next.js за креирање на моќни и брзи веб апликации. Прочитај повеќе.
- Сите успешни бизниси зависат од квалитетот на нивните вработени
Менаџментот на човечки ресурси е една од најважните работи во целиот свет бидејќи од ефикасното и ефективното управување со вработените се одредува квалитетот на секоја организација. Вработените се еден од примарните ресурси од кои зависат бизнисите. Компаниите кои го разбираат ова и се свесни дека луѓето се најскапоцениот ресурс, имаат HR сектор кој се грижи за задоволството и среќата на вработените на работното место. Дознај ги 5-те причини зошто да почнеш да учиш Full-Stack HR сега! Прочитај повеќе.
- Сите успешни бизниси зависат од квалитетот на нивните продукти и проекти
Побарувачката за Project & Product менаџери бележи вртоглав раст од причина што многу компании го пренасочуваат своето внимание од типични рутински активности кон реални проекти. Според Glassdoor листата за 2021, Project & Product Management е 3-та најдобра професија и годишната плата на интернационално ниво изнесува $88.000. Дознај ги 5-те причини зошто да почнеш да учиш Project & Product Management сега! Прочитај повеќе.
- Студентите софтвер тестери го тестираа продуктот „Periodic Table of Elements“
Студентите од Академијата за Software Testing имаа можност по само 2 месеци од почетокот на нивните предавања, да учествуваат на еден пријателски хакатон и да го имаат своето прво искуство со работа на реален проект.
Проектот на којшто работеа е „Periodic Table of Elements“, односно интерактивна веб-базирана табела со информации за елементите од периодниот систем, за која студентите требаше да изготват целосни bug репорти. Прочитај повеќе.
- Завршни проекти на Академијата за Data Science
Теоријата е супер, но вистинското учење се случува преку работа на реални проекти. Издвојуваме неколку проекти со кои се гордееме на нашите студенти: Со цел да ја комплетираат програмата, студентите од Академијата за Data Science имаа задача да го изработат нивниот завршен проект. Дознајте повеќе за нивните проекти во продолжение:
- Завршен проект: Bank Customer Churn | Тим 2.1
- Завршен проект: Term Deposit | Тим 2.2
- Завршен проект: Self-Driving Car | Тим 3
- Го започнавме серијалот „Најпопуларните блог објави на Brainster“
Ја составивме нашата листа на најпопуларните блог објави за изминатиов период, за кои бројките покажаа дека се најчитани, најинформативни, забавни, но и од големо значење за сегашните и идните студенти на Brainster.
- 5 Најчитани Brainster блог објави за дигитален маркетинг
- 5 Најчитани Brainster блог објави за Software Testing
- 5 Најчитани Brainster блог објави за графички дизајн
- 5 Најчитани Brainster блог објави за програмирање
- 5 Најчитани Brainster блог објави за Data Science
- Продолжува серијалот „Запознајте ги инструкторите“
Ги претставивме инструкторите кои предаваат на Академиите на Brainster, како и нивните омилени книги, хобија, а исто така и го раскажавме нивното професионално искуство. Прочитајте повеќе и запознајте ги нашите инструктори!
- Академија за дигитален маркетинг: Марко Ивановски, Трајко Џиков
- Академија за графички дизајн: Дијана Димитриевска
- Академија за Data Science: Марјан Пушев
- Академија за Front-End програмирање: Кристијан Бобевски, Ристе Самарџиев
- Академија за Full-Stack програмирање: Ивица Пешовски, Анастасија Давиткова
- Академија за Software Testing: Димитри Желков
- Full-Stack HR Академија: Александра Агрир
- Академија за Project & Product Management: Александар Бахтовски, Анастасија Насковска
- Нови успешни приказни
Ги раскажавме приказните на: Борјанка, Симона, Ана, Симона, кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!
- Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец
Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.
До следниот месец!
Тимот на Brainster ❤️