Запознајте ја Борјанка Ценовска, алумни студент од Академијата за Software Testing која се реши да направи целосна кариерна трансформација и започна да работи како Software Specialist. Нејзиното ново работно место е компанијата MediaGenix, каде Борјанка ќе продолжи да ги надградува своите вештини и знаења стекнати од оваа Академија.
Во продолжение, си поразговаравме со Борјанка за нејзиното ново работно место
Здраво Борјанка, кажи ни нешто за себе!
Здраво! Јас сум Борјанка и сум дипломиран студент на Факултетот за бизнис и економија. По завршувањето на Академијата за Software Testing, се вработив во белгиската ИТ компанија – MediaGenix. Пасија ми се comics и слободното време најчесто го посветувам на тоа, а исто така, и на мојот француски булдог – Бартез. Обожавам долги прошетки со него. Омилена боја ми е црна, омилено јадење пица. 🙂
Што влијаеше врз твојот избор за да се запишеш на Академијата за Software Testing?
Пред сѐ, информатичката технологија е неизолирана индустрија, а со тоа се преклопува со секој друг сектор, што ја прави разновидна за избор на кариера.
Работев неколку години како асистент за човечки ресурси и навистина добив многу искуство и знаење, но како што поминуваше времето сѐ повеќе го гледав потенцијалот на информатичката технологија, како во нашето секојдневие, така и кај генерациите што доаѓаат. Мислам дека мојот интерес најмногу го привлече тоа што од почетокот на постоењето на технологијата, таа постојано се менува, односно се движи само напред и се развива во нешто поголемо.
Колку повеќе читав и истражував за тоа, толку повеќе сфаќав дека сум наклонета кон оваа тематика. Па, така одлучив да си го надградам знаењето, и се запишав на Академијата за Software Testing.
Како си поминуваше на предавањата?
Одлично!!! Brainster ми даде солидна основа за кариера во ИТ сферата и многу ми е драго што се одлучив да се запишам тука. Морам да бидам искрена дека на почеток бев малку скептична бидејќи моравме предавањата да ги следиме онлајн поради пандемијата, но после си реков „ај подобро дома во пижами“ 🙂 Веднаш после првото предавање сфатив дека не игра никаква улога во однос на пренесувањето на знаењето од страна на предавачите. Даваа сѐ од себе, часовите и вежбите течеа беспрекорно. Запознав луѓе со различни искуства и многу знаење.
Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за Software Testing?
Мојата претходна работна позиција сама по себе си бараше вештини како одговорност и организираност, а јас во истиот период ги посетував часовите од Академијата и бев во работен однос, па затоа сметам дека многу ми беше од значење што знаев како да си го организирам времето и притоа да се фокусирам и на вежбање, истражување и читање во врска со софтвер тестинг во слободно време. Упорноста што ја поседувам, исто така беше од големо значење. Во ниту еден момент не се откажав.
Раскажи ни како е на новото работно место. Како изгледа работен ден на еден тестер?
Тотално различно од претходното мое работно место како HR асистент. Поделени сме во тимови и секое работно утро имаме состанок со тимот за тоа: што, како, кој, до каде е со работа и дали треба да се дополни нешто. Но, бидејќи јас сѐ уште сум на onboarding процес, доделен ми е ментор, па заедно ги решаваме обврските кои ми се доделени.
Која е твојата работна позиција?
Компанијата се вика MediaGenix, белгиска компанија која нуди софтвер решенија за телевизиски куќи. Постои на пазарот веќе 30 години и покрај Скопје и Брисел, има седиште во Банког и Мајами. Мојата работна позиција е Software Specialist, а работните обврски се состојат од тестирање на софтверот за да се идентификува дефект и во исто време контакт со клиенти кога ќе се соочат со проблем кој треба да го решиме.
Што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да ја одберат оваа професија? Кој е твојот совет до нив?
Ако се гледате себеси во оваа индустрија, тогаш тоа е најважното. Малку ве дели од тоа што најмногу го посакувате. Оваа струка ви овозможува да решавате сложени, предизвикувачки проблеми. Овозможува да направите позитивна разлика во светот. А, и да не заборавиме дека нуди многу профитабилна кариера. Не двоумете се да бидете љубопитни. Поставувајте прашања за време на предавањата. Пробајте нови работи. Научете нови идеи.
И за крај, кои се твоите планови за во иднина?
Дел од Академијата се состоеше и од автоматско тестирање. Бев фасцинирана како автоматското тестирање функционира, па затоа планирам да се усовршам во овој дел и да можам да работам како автоматски тестер.
На Академијата за Software Testing работиме на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!