Почетокот на пандемија на глобално ниво драстично ја промени економијата и работната сила. Од нејзиното брзо ширење низ целиот свет, се соочивме со големи предизвици и доживеавме гигантски промени во начинот на кој работиме, каде работиме и кои технологии ги користиме, со цел да останеме поврзани и координирани.

Ваквата нова промена ја зголеми и важноста и улогата на менаџментот со човечки ресурси во организациите. Вработените во секоја компанија се обраќаат кај своите лидери за човечки ресурси за насоки и за совет, со цел подобро да се прилагодат на промените.

Со тоа се истакнува фактот дека потребата на Full-Stack HR професионалци е неминовна бидејќи главен виновник за успехот на една компанија и еден вид на конкурентска предност претставува привлекувањето и задржувањето на висококвалитетните кадри.

 

 

5 причини зошто да почнеш да учиш Full-Stack HR:

 

1. Сите успешни бизниси зависат од квалитетот на нивните вработени

Менаџментот со човечки ресурси е потребен насекаде. Можеме да кажеме дека HR е една од најважните работи во целиот свет, бидејќи од ефикасното и ефективното управување со вработените се одредува квалитетот на секоја организација. Успехот или неуспехот на компанијата зависи од перформансите и лојалноста на нејзините вработени, почнувајќи од извршниот директор, па сѐ до нововработените. Добриот менаџер за човечки ресурси може да ја подигне компанијата на нова височина, додека пак недоволно квалификуваниот може да предизвика трошоци.

 

2. Можеш да направиш позитивен импакт на животот на луѓето

HR практиките имаат директно влијание врз животот на луѓето, нивните професионални вештини, мотивацијата, структуирањето, како и работната етика и култура. Вработените се еден од примарните ресурси од кои зависи дали бизнисот ќе функционира и напредува. Компаниите кои го разбираат ова и се свесни дека луѓето се најскапоцениот ресурс, имаат HR сектор кој се грижи за задоволството и среќата на вработените на работното место. 

 

3. Многу голема глобална побарувачка за HR професионалци

Пазарот станува сѐ поголем и поконкурентен, а со тоа се наметнува потребата на организациите од Full-Stack HR професионалци. Ефикасниот менаџмент на човечки ресурси е главен извор на конкурентската предност на компаниите бидејќи најдрагоцениот ресурс во една организација се луѓето. Резултатите од последните статистики за Full-Stack HR според Glassdoor листата за 2021 се дека се очекуваат нови работни места за вакви специјалисти, годишната плата на интернационално ниво изнесува $74.000, а со тоа побарувачката на ваков тип менаџери белeжи вртоглав раст. 

 

4. Можеш да работиш во било кој сектор од индустријата

Кога станува збор за управување со човечки ресурси со сигурност може да се каже дека потребен е голем спектар на вештини, а клучна е комуникацијата исполнета со разбирање и емпатија. Исто така, за ефективно работење многу е важно да сте посветени и страсни кон работата што ја извршува една организација. Со тоа што оваа професија е широко потребна во било кој сектор од индустријата, менаџерите со човечки ресурси можат да работат во сектори од консултантски и професионални услуги и регрутирање, па сѐ до информатичка технологија, архитектура, градежништво и дигитални медиуми.

 

5. Динамична професија со многу придобивки

Во свет каде што сé се одвива со брзо темпо, способноста за ефективно управување со рамнотежата помеѓу работата и животот постанува главен приоритет за вработените, каде што динамичното работење може да игра многу голема и важна улога. HR е многу динамична професија која постојано се менува и се соочува со нови барања. Работењето во динамична професија ви овозможува поголемо задоволство и поголема продуктивност при извршување на работните обврски. Ќе имате можност да работите со различни типови на луѓе и бидете сигурни дека ова е професија со којашто никогаш нема да ви биде здодевно.



Доколку сакаш да си дел од Full-Stack HR заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата тука.

Уписите за следната група на Full-Stack HR Академијата се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!