Запознајте ги инструкторите - Александар Бахтовски | Brainster

Запознајте ги инструкторите – Александар Бахтовски

Александар Бахтовски е нашиот нов инструктор на Академијата за Project & Product Management, а воедно и доктор по информатички науки кој по дипломирањето започнува со работа во телекомуникацискиот оператор Vip, денешен А1. Во 11 години поминати во Vip, тој има работено на развојот, одржувањето и поддршката на припејд билинг системите, за подоцна да премине во Project Management тимот работејќи како Project Мanager на повеќе клучни проекти за компанијата. Искуството стекнато во компанијата А1, последните 2 години Александар го надградува во Allocate Software, работејќи како Product Owner.

 

Запознајте го Александар – инструктор на нашата Академија за Project & Product Management

 

Име и презиме:  Александар Бахтовски

Академија: Академија за Project & Product Management

Модул: Развој базиран на хипотези & Лансирање и мерење на производот

Професија:  Product Owner

Искуство: 13 години

Зошто баш Project & Product Management: Основа за секој успешен проект е добро менаџирање на истиот. Реалното планирање, јасниот фокус и правилното користење на ресурсите овозможуваат успешно завршување на проектите и достигнување на компаниските цели.

Хоби: Велосипед, трчање

Омилена книга: The Power of Habit

Омилен цитат: „Life is like riding a bicycle. To keep you balance you must keep moving.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!