Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите. 

Секој месец избираме по еден студент од секоја Академија – студент што се истакнува како најпосветен и најупорен, и како таков ќе биде дел од Dream Team-от.

 

Напорната работа секогаш дава добри резултати. Запознајте ги нашите Dream Team студенти за месец септември:

 

Ѕвездица Алексоска – студент на Академијата за дигитален маркетинг


„По природа сум љубопитна личност и сакам да дознавам нови работи, а дигиталниот
маркетинг е супер место за тоа бидејќи цело време има простор за надградба. Плус, психологот во мене премногу се радува што ја има можноста да гледа од прва рака како размислуваат луѓето. Досега, најинтересни ми беа часовите за Lead Nurturing и Content Strategy затоа што овие се работите кои можат да те издвојат како бренд. Тука разбираш колку е важно да се грижиш за луѓето и нивното искуство. По завршување на Академијата за дигитален маркетинг очекувам да имам стекнато добра основа која ќе можам да ја развивам понатаму во кариерата. Тешко ми е да издвојам само еден инструктор, бидејќи сите дадоа сѐ од себе да ни пренесат знаење, но лично најмногу се пронајдов во предавањата на Ива, Дарјан и Кристијан.“ – ни кажа Ѕвездица

 

Андријана Бакрачески – студент на Академијата за UX/UI дизајн


„Ме мотивира стравот од неуспех како и неуморната желба да работам на себе. Љубопитниот ум, дисциплината и исполнувањето на поставените цели ми даваат чувство на задоволство, а тоа е нешто на што можам да погледнам наназад и да кажам – „I achieved that”. Хакатонот за мене беше посебно искуство каде што требаше да го примениме целото знаење, да го запознаеме клиентот, таргет групата и во само 48 часа, преку емпатија за проблемот да дојдеме до иновативно софтверско решение.
Работата на реални проекти ми овозможи да научам што значи тимска работа, како успешно да комуницираме меѓу себе и да споделуваме знаење. 

Како UX/UI дизајнер очекувам да креирам целосно дигитално решение, да имам јасно разбирање за тоа како моето решение им користи на корисниците, а од друга страна земајќи ги во предвид потребите и целите на бизнисот, како тоа решение ќе и помогне на компанијата да оди во вистинска насока. Очекувам знаењето што го стекнав на Академијата за UX/UI дизајн да го претворам во успешна кариера.“ – ни кажа Андријана

 

Христина Шулевска – студент на Академијата за Software Testing


IT индустријатa е fast growing environment и бара континуирано усовршување за да бидеш up-to-date со сите новитети што се појавуваат. Најголема мотивација за учење ми е успехот кој очекувам да ми го донесе стекнатото знаење. Сѐ што научив ми беше ново и интересно, но ако треба да издвојам едно, тоа е Објектно Ориентирано Програмирање. До сега не сум се сретнала со програмскиот јазик Java и за мене беше како да учам кинески, но многу сум задоволна што успеав да ги совладам основите за релативно кратко време. По завршувањето на Академијата за Software Testing очекувам дека стекнатото знаење ќе ми овозможи да започнам кариера како software tester и понатаму да се усовршувам во полето.“ – ни кажа Христина

 

Александар Мелов – студент на Академијата за Front-End програмирање


„Мислам дека повеќе работи ме мотивираат, но би ги издвоил љубопитноста, желбата да избегнам стагнација во животот и потребата за самоактуелизација. Најинтересен ми беше делот со објектно ориентирано програмирање и пристапот на решавање на некаков проблем преку класи, конструктори и методи. Очекувам да имам стекното доволно знаење и вештини за да продолжам да се надградувам и да напредувам професионално како front-end developer. За 5 години се гледам како дел од успешен тим на програмери кои би го направиле светот подобро место за живеење (ко што би рекле во серијата Silicon Valley 🙂 ).
Сениор Front-end, а со добрата основа во JavaScript можеби и Data-Scientist.“ – ни кажа Александар

 

Александра Настова – студент на Академијата за Full-Stack програмирање


„Секојдневното учење на нови работи, како и самото чувство на слобода и креативност при решавање на истите, e главната работа што ме држи мотивирана цело време. Самата Академија е динамична, полна со предизвици, и особено сум горда што сум опкружена со амбициозни и посветени колеги и инструктори кои нѐ водат низ целиот процес.  Една од поинтересните вештини што ги научив на оваа Академија е развивањето на problem solving mindset и пишувањето на чист и разбирлив код. 

Самите инструктори се веќе експерти во областа што ја предаваат и најголемиот дел од знаењето што го стекнав до сега се должи токму на нивните предавања. По завршувањето на Академијата за Full-Stack програмирање очекувам да имам едно убаво портфолио од проекти, со кое ќе можам да аплицирам за јуниорска позиција во некоја растечка компанија. Ќе бидам скромна и ќе речам дека за 5 години од сега сакам да сум како Ивица, еден од инструкторите кои секојдневно ме мотивираат да се усовршувам и бидам најдобра верзија од себе.“ – ни кажа Александра  

 

Невена Фуруновиќ – студент на Академијата за графички дизајн


„Јас сум уметник во душа. Вљубеник во танцот, музиката и фотографија. Секоја плус вештина и знаење ме мотивира да се чувствувам подобро, исполнето и среќно во своја кожа. Едноставно, навикната сум да се надградувам и да учам нови работи. Конкретно, на Академијата за графички дизајн ме мотивираат сите критики од менторите, се трудам секој ден да сум подобра од тоа што сум била вчера. Најинтересна работа ми беше совладување на програмите, алатките и самите процеси на создавање на одредена вежба.
Самиот процесот на креирање на работите и доаѓање до еден финален проект.

Морам да ги споменам часовите кај Бане, немаше час што не ми беше интересен, а воедно и многу важен за нас студентите. Се надевам дека по завршувањето на Академијата за графички дизајн со помош на стекнатите знаења, ќе има и за мене место во овој прекрасен дизајнерски свет. Да креирам, работам и бидам своја.“ – ни кажа Невена

 

Ѓорѓи Коцев – студент на Академијата за Data Science


По природа сум доста љубопитен и работите кои ме интересираат се трудам да ги проучам што е можно подетално. Најинтересната работа што ја научив беше тренирањето на модели за класификација на слики и текстови. Самиот модул machine learning е голем предизвик бидејќи за негово успешно совладување потребно е солидно познавање на сите претходни модули. По завршувањето на Академијата за Data Science би сакал да навлезам подлабоко во полето на анализа на податоци бидејќи сметам дека тоа е основа за понатамошно усовршување како Data Scientist. Од инструкторите кои ми оставија најголем впечаток би ги издвоил: Марјан Пушев, Александар Бошевски и Драган Накевски.“ – ни кажа Ѓорѓи

 

Ова се студентите кои покажаа ентузијазам, иницијатива и пронајдоа нови начини да бидат инволвирани за време на заедничките активности. Со видна креативност и самодисциплина, ги користеа своите инстинкти за совладување на проблемите независно, но и покажаа конзистентна соработка со инструкторите и останатите студенти. Останаа фокусирани на сè што им беше зададено, при што покажаа и транзиција без проблем помеѓу активностите во Академијата и надвор од неа, а исто така, останаа и посветени за достигнување на нивниот потенцијал. Нивните проекти и задачи ги извршија комплетно, уредно и со неверојатна организација со што ги надминаа и нашите очекувања.

На крај, сакаме да им кажеме фала на студентите од Dream Team-от кои ни овозможија да го извршиме нашиот дел како ментори, бидејќи иако нашата работа е да создадеме средина погодна за учење, вие создадовте средина погодна за предавање. 

 

Уписите за Академиите се во тек, резервирај си место тука!

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа