Нов месец, нови достигнувања! 🚀

Изминатиов период работевме со полна пареа и целиот фокус ни беше насочен кон подобрување на искуството на студентите.

Месец септември е месецот кој резултираше со 18 нови вработувања и 3 успешни реални проекти кои нашите студенти ги изработија за време на предавањата на Академиите, a листата на партнери за вработување на Brainster се збогати со уште еден нов партнер – компанијата Pabau Clinic Software. 

Склучувањето на квалитетни и долгорочни партнерства со компании од земјава, како и од странство, е една од главните цели на тимот за ко-иновации и вработување, па така во текот на месец септември тие партнерства резултираа со 18 вработувања во компании како: A1, Citi Private, Bloom Diagnostics, Bransys tech, Crazy Labs, CRMT Digital, CausewayConnect, Archona Games, LeanSEM, Orioly, Adria Gate HR, Forton, New Ways B.V. и многу други.

 

 

Задоволство ни е да се пофалиме и со нашиот нов партнер за вработување – Pabau Clinic Software кој веќе има вработено тројца талентирани студенти од Академијата за Full-Stack програмирање, Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Software Testing. Наскоро ќе прочитате и повеќе за нашето партнерство!

Дополнително, во текот на месец септември се реализираа и 3 успешни реални проекти со новите партнери за ко-иновации, како и со партнери кои веќе соработуваат со неколку Академии на cross-academy проекти. Проектите беа реализирани на Академијата за графички дизајн, Академијата за UX/UI дизајн и Академијата за Software Testing. 

 

 

Еден од проектите кој беше реализиран од страна на талентираните студенти на Академијата за графички дизајн е за партнерот Pivo Labs – едно од домашните македонски пива кое сега се пласира на пазарот. Наскоро, постерот кој го припремија нашите студенти ќе го гледате низ локалите!

 

Ако сѐ уште се прашувате зошто да станете hiring партнер на Brainster, посетете ја co-innovation & hiring платформата и уверете се сами.

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа.