Анастасија Насковска е нашиот нов инструктор на Академијата за Project & Product Management, воедно и дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии на насока „Компјутерско-системско инженерство, автоматика и роботика“.

Интересот за технологија го развива уште од средношколските денови и паралелно учи програмски јазици. По дипломирањето, започнува да работи на позиција Back-end developer, а потоа како QA инженер. Оттука добива практично знаење за секој сегмент посебно, како дел од целиот процес за испорачување на еден софтверски продукт.

Потоа, доаѓа до позицијата – проектен менаџер, каде добива можност да работи на проекти за надворешни клиенти, но и на проекти за целите на матичната компанија. Стручното образование го продолжува на магистерски студии на факултетот за електротехника и информациски технологии на насока „Проектен менаџмент“.

Теоретското знаење поддржано од практичната работа се покажува како голем бенефит во понатамошното развивање на нејзината кариера. Моментално, Анастасија работи како проектен менаџер во MyShortlister.

 

Запознајте ја Анастасија – инструктор на нашата Академија за Project & Product Management

 

Име и презиме: Анастасија Насковска 

Академија: Академија за Project & Product Management

Модул: Иницирање и планирање на проекти

Професија: Проектен менаџер

Искуство: 5 години

Зошто баш Project & Product Management: Бидејќи е процес со кој се гарантира точност според барањата, а истото носи голема вредност наспроти бизнис можностите.

Хоби: Фитнес, читање книги, слушање и танцување на добра музика

Омилена книга: Ослободете ја моќта на потсвеста – Џозеф Марфи

Омилен цитат: „Non est ad astra mollis e terris via.” – „There is no easy way from the earth to the stars.”

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!