Денес, полето на дигиталниот маркетинг е поинтересно од кога било и содржи широк спектар на знаења и множества на вештини. Дигиталниот маркетинг се развива со неверојатна брзина, така што потребата од квалитетни дигитални маркетери на пазарот на трудот постојано расте. Бенефитите коишто ги нуди овој тип на маркетинг се неограничени и навистина вреди да се инвестира во нив, а посебно сега, во време на дигиталната ера.

Ја составивме нашата листа на најпопуларните блогови за дигитален маркетинг изминатиов период, за кои бројките покажаа дека се најчитани, најинформативни, забавни, но и од големо значење за сегашните и идните студенти на Академијата за дигитален маркетинг.

Во овој блог ќе се информирате повеќе за кариерните можности кои ги нуди дигиталниот маркетинг, што е потребно за почеток на кариера во оваа сфера, кои вештини се потребни за да се биде успешен дигитален маркетер, како и за атмосферата на Академијата, хакатоните, реалните проекти на кои работат нашите студенти и клиентите со кои соработуваат.

 

Во продолжение, 5-те најпопуларни блогови за дигитален маркетинг на Brainster:

 

 

1.Кариерни можности кои ги нуди дигиталниот маркетинг

Во денешно време тешко е да се најде бизнис, без оглед на неговата големина, кој не инвестира во дигитален маркетинг, со цел да си помогне во промотивните напори кои ги прави. Бизнисите мора да дадат сè од себе за да бидат во чекор со брзите промени на пазарите и се соочуваат со предизвик да останат во чекор со технологиите и стратегиите за дигитален маркетинг кои постојано се развиваат и се достапни за нив.

Како резултат на тоа, буџетите за дигитален маркетинг се зголемуваат со двоцифрен пораст од година во година и се предвиде дека ќе се достигне вкупно глобално трошење на 306 милијарди до крајот на 2021 година, одржувајќи го полето на дигиталниот маркетинг уште повеќе предизвикувачко и возбудливо. Дознај повеќе!

 

 

2.Започни ја својата маркетинг кариера!

Ако сакаш да започнеш кариера како дигитален маркетер биди сигурен дека нема подобар тајминг од сега. 🚀

Преку паметни концепти, storytelling, анализа на податоци, e-mail кампањи, платени search реклами, комуникација на социјалните медиуми и нормално, разбирање на однесувањето и потребите на клиентите, лесно ќе се издвоиш.  Ако ги имаш овие вештини, прашањето е како да дојдеш до работа како дигитален маркетер и да започнеш кариера од соништата. Дознај повеќе!

 

 

3.Студентите од Академијата за дигитален маркетинг креираа Lead Gen стратегија за IPOhub

Христијан, Маја и Наталија се едни од најактивните студенти на нашата Академија за дигитален маркетинг, а воедно и оние кои покажаа голема желба, амбиција и љубов кон дигиталниот маркетинг. 

Овој тим имаше можност да работи на реален проект за реален клиент под менторство на нашиот инструктор – Кристијан Арсов.  Целта беше да се креира lead generation стратегија за странскиот start-up IPOhub. Имено, овој start-up се занимава со финансии и инвестиции. Она што требаше да го постигнат студентите беше да изградат стратегија која ќе донесе 1000 лидови до крајот на август 2021 година, а по овој датум да следи големото отворање и започнување со работа на IPOhub. Дознај повеќе!

 

 

4.Креирање на целосна маркетинг стратегија за лансирање на новата студиска програма на Стоматолошки Факултет

Како едни од најамбициозните студенти на Академијата за дигитален маркетинг, кои не ја пропуштија можноста континуирано да си го надградуваат своето знаење и вештини, работејќи на реалните проекти предвидени во програмата се Ива, Симона и Памела.

Овој тим имаше можност да работи на реален проект за реален клиент под менторство на нашиот инструктор – Дарко Булдиоски. Целта беше студентите да креираат целосна маркетинг стратегија за новата студиска програма на англиски јазик за Стоматолошки Факултет. Дознај повеќе!

 

 

5.Our Mind – проект кој го работеа и лансираа нашите студенти

Овој пат, реалниот проект на кој студентите од Академијата за графички дизајн и Академијата за дигитален маркетинг работеа беше Our Mind, за кого требаше да направат целосна маркетинг стратегија и бренд идентитет.

Our Mind е комплетно интегрирана онлајн платформа чија цел е да ја побие табу темата за одење на разговор со психолог и е тука да им помогне на сите оние кои се соочуваат со било каков предизвик во животот. На оваа платформа, луѓето можат да поразговараат со професионалци и да добијат совети, консултации и поддршка за различни теми со цел подобрување на целокупното ментално здравје. Дознај повеќе!

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!