Запознајте ја Ана Николиќ – алумни студент од Академијата за Data Science која веднаш по нејзиното завршување влезе во светот на податоците и започна да работи на позицијата Student Researcher во Jozef Stefan Institute – Љубљана.
Таа е една од студентите кои покажаа голема проактивност, упорност и посветеност на Академијата, и резултираа со ново работно место.
Си поразговаравме со Ана за нејзините студентски денови и новото работно место
Пред сѐ, честитки за успешно завршената Академија и за почетоците на твојата кариера како Student Researcher. За почеток, кажи ни од каде се роди желбата и зошто се одлучи за Data Science?
Пред Академијата имав шанса да бидам дел од еден мал и воедно мојот прв data science проект, по кој веќе бев опседната со data. Еднаш откако ќе го увидите потенцијалот што го имаат податоците за решавање проблеми – there is no going back.
Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ во животот. Како си помина на Академијата за Data Science? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?
Имав одредени основни познавања од некои од алатките и модулите што ги изучивме во текот на Академијата. Tоа што беше ново за мене е како тие треба да се искомбинираат меѓусебе и целиот тој workflow од почеток до крај. Едно нешто што научив е дека мора да се биде одговорен со податоците и потребен е голем фокус при секоја фаза, има многу do’s and don’ts и само една грешка во чекори може да ве однесе до скроз погрешни резултати. Кога веќе ги совладав клучните концепти секој нов датасет беше нов excitement.
По завршувањето на Академијата, започна да работиш во Институт Јожеф Стефан. Како се одвиваше процесот за да стигнеш до тука? Што сѐ беше потребно?
Мојата проактивност од ден 1 ми донесе голема пракса во областа, стекната преку проектите на Aкадемијата и како data science практикант во една наша компанија. И втор важен аспект е што со тек на време се поврзав со многу луѓе кои се исто така ентузијасти или веќе работат во областа.
Што би можела да ни споделиш за оваа организација, која е нејзината област на работа?
Институтот Јожеф Стефан е најголемата и водечка словенечка организација за истражувања во областите на природните науки и технологијата. Додека одделот за компјутерски системи е специјализиран за метахеуристичка оптимизација, статистичка анализа на податоци, машинско учење и истражувања во напредни компјутерски структури и ефикасни алгоритми за масивна обработка на податоци.
Како изгледа еден твој работен ден? Што работиш моментално и кои техники и алатки ги користиш?
Работам со Python и R и во најголем дел припрема на податоци и имплементација на machine learning модели, како и истражување на best practices и нови алгоритми.
Како Data Scientist-от гледа на светот и на работите околу него?
Секогаш се прашувам како податоците можат да се искористат за позитивно влијание врз околината и подобрување на животот на луѓето околу мене, од ова е воден мојот дизајн и развојот на самите проекти.
На кое твое достигнување си најмногу горда во животот?
Па, веројатно на ова. Со позицијата воедно требаше да се преселам во друга држава. Отсекогаш сум сакала да стекнам интернационално искуство, и сега сум дел од една таква средина.
За крај, што е она што тебе те убеди да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувала сите оние кои допрва размислуваат за кариера во оваа област и сакаат да преземат ваков чекор?
Дефинитивно ме убеди фактот дека после завршување на Aкадемијата можностите се бескрајни. Според мене, за сите оние кои имаат голема самомотивација за учење и аналитички ум, Data Science e вистинскиот кариерен пат.
На Академијата за Data Science работиме на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!