Живееме во дигитална ера, каде технологијата од ден за ден повеќе напреднува, а со тоа и нашите работи и животи, па сѐ се врти околу веб-страниците и мобилните апликации. Сите ние сакаме, а воедно и ни се потребни беспрекорни апликации или интерфејс на страници заедно со лесна навигација, а да не зборуваме за добрата функционалност и корисничко искуство!

За да се осигураат компаниите дека корисниците ќе го добијат тој потребен квалитет, тука стапуваат на сцена софтвер тестерите. Тие се одговорни за добрата функционалност на продуктите, како и елиминирање на грешките и дефектите на истите. Оттаму произлегува и нивната огромна побарувачка!

Ја составивме нашата листа на најпопуларните блогови за Software Testing изминатиов период, за кои бројките покажаа дека се најчитани, најинформативни, забавни, но и од големо значење за сегашните и идните студенти на Академијата за Software Testing.

Во овој блог ќе се информирате повеќе за кариерните можности кои ги нуди тестирањето на софтвер, што е потребно за почеток на кариера во оваа сфера, кои вештини се потребни за да се биде успешен софтвер тестер, како и за атмосферата на Академијата, хакатоните, реалните проекти на кои работат нашите студенти, клиентите со кои соработуваат и вработувањата со кои е награден нивниот труд.



Во продолжение, 5-те најпопуларни блогови за Software Testing на Brainster:

 

 

1.Како до Software Testing кариера?

Неминовен е фактот дека светот постојано се менува, а главен виновник за тоа е брзиот развој на технологијата. Дигиталната револуција носи со себе многу промени, а исто така и многу позитивни можности кои го подобруваат и олеснуваат животот на луѓето. Луѓе од администрација, просвета, прехранбена и еден куп други индустрии масовно се влезени во процес на преквалификација и менување на професија. 

Доказ за тоа е што денес, како едно од најчестите прашања кое се забележува по ИТ форумите е „Како можам да започнам кариера како софтвер тестер?“. Дознај повеќе!

 

 

2.Студентите софтвер тестери го тестираат продуктот „Periodic Table of Elements“

Студентите од оваа Академија, имаа можност по само 2 месеци од почетокот на нивните предавања, да учествуваат на еден пријателски хакатон и да го имаат своето прво искуство со работа на реален проект, со цел да искусат како е да се работи во реална средина како софтвер тестер.

Проектот на којшто работеа студентите од Академијата за Software Testing на својот прв хакатон е „Periodic Table of Elements“, односно интерактивна веб-базирана табела со информации за елементите од периодниот систем, за која студентите требаше да изготват целосни bug репорти. Дознај повеќе!

 

 

3.„Pandemic Disease Tracker“ – завршен проект на Академијата за Software Testing

Со цел да ја комплетираат програмата, студентите на Академијата за Software Testing имаа задача индивидуално да ги изработат своите завршни проекти и успешно да го тестираат продуктот. 

Проектот на којшто студентите работеа е „Pandemic disease tracker“. Овој продукт претставува веб решение за преглед на дневна, месечна и тримесечна статистика на глобално ниво, изработено за COVID-19 пандемијата од страна на студентите на Академијата за програмирање, а тестирано од страна на студентите на Академијата за Software Testing како завршен проект. Дознај повеќе!

 

 

4.Од студент на Академијата за Software Testing до remote позиција во Amio – Виена

Владимир Константиновски е алумни од нашата Академија за Software Testing кој се реши да направи целосна кариерна трансформација и започна да работи на remote позиција како софтвер тестер – практикант. Неговото работно место е компанијата Amio oд Виена, каде Владимир ќе продолжи да ги надградува своите вештини и знаења стекнати од Академијата за Software Testing. Дознај повеќе!

 

 

5.Од Академијата за Software Testing до remote вработување во NicheStack – Чешка

Ангел Велковски е еден од студентите кои покажаа голема амбиција и желба за учење, а со тоа постигна и големи успеси. Тој е алумни од Академијата за Software Testing кој по нејзиното завршување се вработи на remote позиција како софтвер тестер во компанијата NicheStack од Чешка. Дознај повеќе!

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!