Ако сакаш да започнеш кариера како дигитален маркетер биди сигурен дека нема подобар тајминг од сега. 🚀
Преку паметни концепти, storytelling, анализа на податоци, e-mail кампањи, платени search реклами, комуникација на социјалните медиуми и нормално, разбирање на однесувањето и потребите на клиентите, лесно ќе се издвоиш. Ако ги имаш овие вештини, прашањето е како да дојдеш до работа како дигитален маркетер, и да започнеш кариера од соништата.
- Размислувај на себе како на бренд
Ако не знаеш да ги продадеш твоите вештини, зошто потенцијалниот работодавец би ти верувал дека ќе знаеш го продадеш неговиот производ?
Пред да аплицираш за работа направи концепт и идентификувај ги вештините кои ги поседуваш, а се клучни за компанијата. Докажи му на потенцијалниот работодавец дека можеш да придонесеш многу за компанијата.
- Биди информиран и секогаш во тек
Задолжително е да бидеш во тек со најновите трендови во овој дигитален свет. Твитер е еден од најдобрите извори на вести, а LinkedIn одличен начин да се задржиме на врвот на индустриските трендови. Треба да знаеш зошто Tesla Motors во април 2016 направија pre-sell кампања, сосема неочекувано за компанија која произведува автомобили. Следи ги инфлуенсерите, маркетинг и tech порталите. Читај книги и постојано надградувај го знаењето бидејќи сè што е digital се менува со брзината на светлината.
Еве неколку ресурси за тебе кои мора да ги истражиш пред да влезеш во индустријата:
Rockstar маркетери:
Gary Vaynerchuk, Rand Fishkin, Noah Kagan, Tim Ferriss, Neil Patel, Seth Godin
- Направи сопствен блог
Мораш да изградиш онлајн присуство. Ако сакаш да му покажеш на твојот иден работодавец дека можеш да изградиш онлајн визибилност за компанијата, покажи дека тоа веќе си го направил за себе.
Најдоброто? Не мораш да го молиш твојот другар програмер да ти изработи веб страна за да направиш сопствен блог. Едноставно користи medium.com или текстовите објавувај ги на Linkedin Publishing. Направи соработка со некој македонски портал и почни да пишуваш текстови поврзани со маркетинг, или уште подобро, теми поврзани со компанијата во која сакаш да се вработиш. Замисли: има отворена работна позиција „специјалист за e-mail маркетинг“. Пред да аплицираш, пишуваш 2-3 текстови на тема e-mail маркетинг. Во едниот текст пишуваш за иновативни идеи за генерирање на нови leads. Во другиот за автоматизација на мејлови и во последниот за разликата помеѓу Mailerlite и MailChimp и зошто е Mailerlite подобар =)
При аплицирање за отворената работна позиција во мејлот линкувај ги твоите нови текстови и побарај мислење од работодавецот.
- Изрази ја својата креативност
Покажи ја својата креативост уште при самото аплицирање за работа. Наместо CV и мотивациско писмо, направи персонална Landing страна. Ова ќе му покаже на работодавецот дека си креативен, дека размислуваш иновативно, дека знаеш да користиш алатки, но и за твојата работна етика.
- Pitch Yourself
Немој да подготвуваш презетнација за себе која ќе биде иста за сите компании во кои си аплицирал. Подготви презентација специфична за компанијата, за отворената работна позиција, за нивните производи или сервиси и проблемите кои сакаат да ги решат.
Добро разгледај ја нивната маркетинг стратегија, начинот на кој комуницираат на социјалните медиуми, нивниот блог и веб страна. Низ интервјуто дај им совети за подобрување и кои би биле првите подобрувања кои ти би ги направил/а уште на првиот работен ден. Покажи им дека не само што ќе го одговориш на задачите на работното место, туку и дека ќе придонесеш на долг рок.
- Side Projects
Секој дигитален маркетер треба да има сопствени проекти. Мора да ги тестира теориите (контент маркетинг, SEO, PPC) и да преземе одговорност за успехот или неуспехот на проектот.
- Научи ја терминологијата
Дигиталните маркетери мораат да ги знаат акронимите како SEO, SEM, Leads, Growth Hacking, PPC, ROI итн. За многу од нив нема соодветен превод на македонски и нема потреба да се обидуваш. За да можеш да се разбереш со идните колеги, мора да го зборуваш нивниот јазик.
Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.
Дигиталниот маркетинг е една од највозбудливите, предизвикувачките и најбрзите индустрии каде што секој може да работи. Значи, планирате да започнете кариера во дигитален маркетинг, каде што ќе имате различни специјализации за избор, но исто така имате бројни начини како да направите тоа да се случи.
Академијата за дигитален маркетинг е супер интензивен почеток каде ќе ги стекнеш сите потребни вештини и ќе ги научиш сите дигитални алатки кои ти се потребни за почеток на твојата кариера како дигитален маркетер!
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!