Од билбордите кои ги гледаме додека патуваме кон работното место, веб-страниците кои секојдневно ги користиме, па сѐ до пакувањето на омиленото чоколадо е присутен графичкиот дизајн, со кој постојано се сретнуваме.
Графичкиот дизајн, најчесто го користат компаниите за да ги промовираат и продаваат своите производи, или пак да го развијат својот бренд идентитет. Уметност која ја пренесува пораката во вид на постери, инфографици, корици на книги, логоа, бизнис картички и сл.
Ја составивме нашата листа на најпопуларните блогови за графички дизајн изминатиов период, за кои бројките покажаа дека се најчитани, најинформативни, забавни, но и од големо значење за сегашните и идните студенти на Академијата за графички дизајн.
Во овој блог ќе се информирате повеќе за кариерните можности кои ги нуди овој тип на дизајн, што е потребно за почеток на кариера во оваа сфера, кои вештини се потребни за да се биде успешен дизајнер, како и за атмосферата на Академијата, хакатоните, реалните проекти на кои работат нашите студенти и клиентите со кои соработуваат.
Во продолжение, 5-те најпопуларни блогови за графички дизајн на Brainster:
1. Студентите од Академијата за графички дизајн создадоа нов корпоративен дизајн за Види Вака
По успешното креирање на целосен UX/UI дизајн на новата веб-страница на Види Вака, предизвикот продолжи и на Академијата за графички дизајн. 🎨
Овој пат, студентите имаа задача да работат на дополнителен реален проект и да изградат визуелен корпоративен идентитет што ќе го отсликува модерниот бренд на Види Вака, кој притоа нуди широка палета на раскажувачки формати, а содржината е јасна, разбирлива и важна за сите.
2. Креативно решение за редизајн на надворешниот изглед на Food Hood
По завршувањето на предавањата, студентите од Академијата за графички дизајн започнаа со изработка на своите завршни проекти со цел да ја комплетираат програмата. Нивната задача беше да го редизајнираат надворешниот изглед на fast food ресторанот – Food Hood со цел да стане повпечатлив за потрошувачите.
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избран токму редизајнот на Марко Михајловски. Дознај повеќе!
3. Кариерното патување на студентите – графички дизајнери
Запознајте ги нашите алумни студенти од Академијата за графички дизајн кои покажаа голема упорност и посветеност на предавањата додека работеа на реалните проекти. Тие се амбициозни и љубопитни личности кои имаат пасија за учење и сакаат да растат во една од најкреативните професии – графичкиот дизајн. Прочитајте што ни раскажаа нашите алумни студенти од Академијата за графички дизајн за нивното искуство по завршувањето на оваа Академија. Дознај повеќе!
4. Ново достигнување на студентите од Академијата за графички дизајн
Со цел да го подобриме искуството на студентите, како дел од програмата на Академијата за графички дизајн, по модулот „Дизајн на пакување“ – студентите покрај работата на три реални проекти, имаа и можност да креираат дизајни за фиктивни брендови. Под менторство на нашата инструкторка Дијана Димитриевска, студентите успеаа да креираат совршени дизајни кои беа објавени на блогот на Packaging of the World. Дознај повеќе!
5. Студентите од Академијата за графички дизајн изработија боенка за Стоматолошки факултет
Главната задача на студентите од Академијата за графички дизајн беше креирање на боенка која е наменета за деца од предучилишна и училишна возраст, како дел од кампањата на Стоматолошки факултет, со цел запознавање со важноста на оралното здравје кај оваа таргет група. Освен боенката, студентите креираа и постер дизајни кои ќе се користат на социјалните медиуми и низ самите училишта. Дознај повеќе!
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!