Започнувањето на кариера во светот на програмирањето понекогаш знае да биде предизвикувачки процес и листата на вештини коишто треба да се научат, на прв поглед може да изгледаат „застрашувачки“.
Постојат неколку патеки по кои можеш да се движиш доколку сакаш да започнеш кариера како програмер, a убавата работа е што кариерата во tech индустријата можеш постојано да ја развиваш во која насока сакаш.
Ја составивме нашата листа на најпопуларните блогови за програмирање изминатиов период, за кои бројките покажаа дека се најчитани, најинформативни, забавни, но и од големо значење за сегашните и идните студенти на Академијата за Full-Stack програмирање и Академијата за Front-End програмирање.
Во овој блог ќе се информирате повеќе за кариерните можности кои ги нуди програмирањето, што е потребно за почеток на кариера во оваа сфера, кои вештини се потребни за да се биде успешен програмер, како и за атмосферата на Академијата, хакатоните, реалните проекти на кои работат нашите студенти и клиентите со кои соработуваат.
Во продолжение, 5-те најпопуларни блогови за програмирање на Brainster:
1. Дознај кој вид на програмирање најдобро ти прилега
Не е лесно да се стане програмер. Повеќето луѓе, кога почнуваат да размислуваат за оваа кариера, она што најчесто ги плаши е подолгата листа на работи кои мора да се научат. Без разлика дали размислуваш за full stack, front-end или back-end, листата на програмски јазици и апликации кои треба да се совладаат не е мала и на прв поглед може да изгледа застрашувачки. Дознај повеќе!
2. Нашиот CTO Ивица зборува за промените во светот на програмирањето
Дигиталната трансформација на секојдневното живеење е неизбежна. Периодов дури и задолжителна. Иако, Муровиот закон станува ирелевантен, дигиталните технологии со сигурност нема во блиска иднина да влезат во период на стагнација и нивниот развој ќе биде сѐ побрз. Ова ќе значи дека нивното совладување ќе станува сѐ покомплицирана задача што несомнено води до следниот заклучок: кој ќе почне поскоро, тој ќе има помалку работи за совладување.
Со темпото на иновација, ова слободно може да се формулира и на дневна основа: Кој ќе почне со учење дигитални вештини денес ќе има помалку работи за совладување од тој што ќе почне утре. Дознај повеќе!
3. Програмски подобрувања на Академијата за Front-End програмирање согласно најновите трендови во индустријата
Методологијата на работа и креирање на наставните програми во Brainster се базира на постојанa анализа и следење на трендовите во ИТ индустријата и пазарот на труд, но и константно подобрување врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.
Од анализата на побарувачката на ИТ компаниите во земјата, но и од релевантните извештаи и статистики на глобално ниво, се забележува растечки тренд на побарувачката за девелопери кои имаат познавање од модерните веб технологии. Освен веќе потврдениот JavaScript и React, кој е прв избор кога станува збор за изработка на моќни и скалабилни апликации, вртоглав раст и популарност доживуваат и технологиите кои се дел од неговиот екосистем: Typescript и Next.js. Дознај повеќе!
4. Веб апликација за Jägermeister – завршен проект на Академијата за Full Stack програмирање
Студентите од Академија за Full Stack програмирање имаа задача да работат на реален проект за реален клиент под менторство на нашиот инструктор, а воедно и CTO на Brainster – Ивица Пешовски. Целта на проектот беше да се направи веб-апликација за наградна игра која ја организира Jägermeister, а преку која корисниците ќе можат да испраќаат слики, за Jägermeister да ги награди по случаен избор.
Андреј Билјаноски е студент на нашата Академија за Full Stack програмирање, а воедно и еден од студентите кои покажаа голем интерес кон програмирањето и изработија успешни проекти. Како еден од реалните проекти на кој има работено Андреј е неговиот завршен проект за реалниот клиент- Jägermeister, каде што за победничко решение беше избрано токму неговото. Дознај повеќе!
5. Продуктот од најголемиот Brainster хакатон доби веб решение
Откако заврши Cross-Academy соработката на Академиите, со цел да се подобри искуството на студентите, овој Хакатон продолжи на Академијата за програмирање, каде студентите имаа задача да се погрижат за дополнителниот развој на продуктот и неговото усовршување. Односно, веб решение на идејата која започна пред два Хакатони.
Проектот на којшто се работеше е платформата “White Noise Player – Shum”. Ова е платформа каде што секој ќе има можност бесплатно да се вклучи и да си пушти одредена мелодија додека работи. Дознај повеќе!
На Академијата за Full-Stack програмирање и Академијата за Front-End програмирање работиме на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!