Александра Аргир е новиот инструктор на нашата Full-Stack HR Академија, како и консултант за менаџмент на човечки ресурси, високо искусен професионалец за човечки ресурси со повеќе од 24 години искуство во управување со човечки ресурси стекнато во некои од најголемите меѓународни компании за производство и продажба во Северна Македонија, како Империјал Тобако ТКС, Пивара Скопје АД (JV – CCHellenic и Heineken JV).
Таа е дипломиран педагог, магистер по МБА и менаџмент на човечки ресурси во тек. Александра носи широк спектар на искуства и вештини за воспоставување и развој на функциите за човечки ресурси, развој на стратегија за човечки ресурси, организациски развој, преструктуирање и реорганизација, развивање, имплементирање и управување во обласите на менаџмент на перформанси, развој на вработени и таленти, компензација и бенефиции на вработени, задоволство на вработени, персонална админситрација, задоволство на вработените, како и развој и имплементација на системи за задржување на вработените.
Како консултант за менаџмент на човечки ресурси, започнува со визија да допринесе во развојот на луѓето и да биде поддршка на компаниите да ја развиваат свеста за менаџментот на човечки ресурси, да го воведуваат и развиваат секторот за човечки ресурси кај себе како една многу важна компонента во одржливиот развој и растот на компаниите.
Запознајте ја Александра – инструктор на нашата Академија за Full Stack HR
Име и презиме: Александра Аргир
Академија: Full-Stack HR Академија
Модул: Организациски дизајн и промена на структурата на организацијата
Професија: Консултант за менаџмент на човечки ресурси
Искуство: 24 години
Зошто баш HR: Можноста да создавам континуирана вредност за луѓето и компаниите, убедувањето дека преку луѓето и со луѓето може да се остваруваат повисоки резултати, правејќи ги да бидат упорни, горди, лојални, среќно вработени, иновативни, вработени кои прифаќаат промени, кои континуирано учат и се посветени, а со тоа да допринесуваат компаниите да имаат одржлив и континуиран раст.
Хоби: Цртање, пешачење
Омилена книга: Монахот што го продаде своето ферари
Омилен цитат: „Само-подобрувањето и лична експанзија е најдоброто нешто што можете да го направите за себе. Кога сте одвоиле време да изградите силен карактер полн со дисциплина, енергија, моќ и оптимизам, можете да имате сѐ и да направите што сакате.“
Уписите за следната група на Full-Stack HR Академија се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!