Запознајте ја Симона Гаштарова – наш студент на Академијата за графички дизајн која започна да работи на практикантска позиција како графички дизајнер во KOMA Design Studio. Позитивна, романтична и продуктивна личност на која дизајнот и е голема страст!

 

Си поразговаравме со Симона за тоа како си поминува на предавањата и новото работно место

 

 

Здраво Симона! Ти си сѐ уште наш студент на Академијата за графички дизајн. Ние веќе те знаеме, но што би споделила со останатите? Која е Симона? 

Романтичар во душа и живот во розево. Позитива, птица преселница, исплашена за подалеку од комфорната зона, а никогаш не уживам во неа. Турбо продуктивна преку недела, а вино и смеа за викенд. И секако, естетика, симетрија…убавини за око.

 

Пред сѐ, честитки за почетоците на твојата кариера како практикант во KOMA Design Studio. За почеток, кажи ни од каде се роди желбата и зошто се одлучи за овој тип на дизајн? 

„Каде очите ти уживаат, таму да одиш.“ Така и јас, убава ми беше математиката, ама поубава естетиката. Малце со страв, а повеќе со возбуда, се одлучив да одам кајшто ми е непознато, затоа што знаев дека сега ќе работам и сум пресреќна, а исто така, за нештата да бидат поубави, за мене, за светот. 

 

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си поминуваш на Академијата за графички дизајн? Имаш ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

Одлично. Исто како уште еден студентски живот. Богатство од луѓе, смеа до солзи, сонување на артборди, домашни како во основно и среќен крај.

 

Што би можела да ни споделиш за оваа компанија, која е нејзината област на работа?

Хармонија. Кога ќе почуствуваш топлина и пријателски однос, дури и во пандемија во комуникација со рандом име на екран, вложување време и труд за да те научат да бидеш вреден материјал за понатаму, „мрчење“ за после да се воодушевуваат од твојот дизајн. Пред сè, добро утро за почеток и убав ден. Сестрани клиенти, проекти и материјали. Дизајн студио on point.

 

 

Како изгледа еден твој работен ден? Што работиш моментално и кои техники и алатки ги користиш?

Фотошоп, Илустратор, Индизајн, а за работа, сè што има дајте ми за да научам, така ни е договорот со Бане (мотивација од човек). Сметам дека работа нема само за тој што не сака да работи.

 

Што значи графичкиот дизајн за тебе?

Пеперутки во стомак, убавина за очи, втора љубов, да си ја сакаш неделата и пред да дојде викендот, а воедно и Adelе да си ја слушаш додека дизајнираш.

 

 

Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?

Чисто, средено, минимализам, симетрија и бунт ако не е така.

 

На кое твое достигнување си најмногу горда во животот? 

Периодот на минатата пролет, кога решив за мое добро да си го променам сопствениот свет, со многу труд и премислувања, стигнав да се сакам и да се радувам за себеси.

 

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

Ова прашање има милион релативни одговори. Не знам и малку знам, ама ќе видиме. Се надевам дека ќе ја имам иднината што секој ден си ја зборам сама во себе. За сигурно, дизајнерка. 🙂

 

За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувала сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор? 

Без сомнение, од среќата што ја чувствував само од гледање дизајн работи на интернет, знаев дека ова е вистинскиот чекор. И да, нешто многу важно, луѓе, комфорната зоната започнува чекор надвор од истата, барајте си ја среќата бидејќи нема кој друг да ви ја најде, ваша е!

 

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!