Ивица Пешовски е магистер по софтверско инженерство, CTO на Brainster, како и инструктор на Академијата за Full-Stack програмирање. Решавањето софтверски проблеми е неговата пасија, а развивањето софтверски решенија за олеснување на секојдневнието на крајните корисници е негова должност.

Минатата година го оформи програмерскиот тим во Brainster, што доведе истата да прерасне во edtech компанија. Ужива во пренесување на своето знаење и искуство, како на неговите колеги, така и на студентите на академиите на кои предава.

Скормната понуда на пиво во нашата земја го охрабри да креира мини домашна лабораторија за производство на ејл, стоут и портер пива. Животна желба му е да успее да направи убаво лагер пиво. Моментално, опремата за производство на пиво ја користи и за производство на медовина, алкохолен ликер направен со ферментација на мешавина од мед и вода со кој се сладеле бројни славни јунаци меѓу кои и Крале Марко.

Од неодамна се идентификува и како моторџија откако неговиот Honda Rebel 500 стана негово главно превозно средство и извор на несогласувања со органите на редот.

 

Запознајте го Ивица – CTO на Brainster & инструктор на нашата Академија за Full-Stack програмирање

 

Име и презиме: Ивица Пешовски

Академија: Академија за Full-Stack програмирање

Модул: Бази на податоци, структурно програмирање во PHP, објектно ориентирано програмирање во PHP, Git

Професија: Софтверски инженер 

Искуство: 8 години

Зошто баш Full-Stack програмирање: Мислам дека не постои друга професија што го развива мисловниот процес на начин на кој тоа го прави програмирањето. Плус, секој ден – нов предизвик за решавање е доволна мотивација некој ова да го прави постојано. Одењето на работа е како одење во escape room. 🙂 

Хоби: Производство на пиво и медовина

Омилена книга: Стив Џобс од Валтер Ајзаксон

Омилен цитат: „Most things worth doing are hard.“

Оценка од студентите: 4.9

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!