Сè повеќе компании почнуваат да ја сфаќаат важноста на податоците, вештачката интелигенција и машинското учење. Без оглед на индустријата или големината, организациите кои сакаат да остварат и да ја уживаат конкурентската предност во ерата на податоците, треба ефикасно да ги развиваат и имплементираат способностите на data science, или ризикуваат да останат чекор назад во времето.
Ја составивме нашата листа на најпопуларните блогови за Data Science изминатиов период, за кои бројките покажаа дека се најчитани, најинформативни, забавни, но и од големо значење за сегашните и идните студенти на Академијата за Data Science.
Во овој блог ќе се информирате повеќе за кариерните можности кои ги нуди оваа област, што е потребно за почеток на кариера во оваа сфера, кои вештини се потребни за да се биде успешен data scientist, како и за атмосферата на Академијата, хакатоните, реалните проекти на кои работат нашите студенти и клиентите со кои соработуваат.
Во продолжение, 5-те најпопуларни блогови за Data Science на Brainster:
1. Што можеш да постигнеш за 1 година, ако почнеш да учиш Data Science денес?
Data Science професионалците можат да го најдат пулсот на светот во секој момент. Науката на податоците ги открива психолошките карактеристики на купувачите, берзанските трендови, или недостатоците при производство на ракети. Поради нејзината интердисциплинарна природа се смета дека експертиза во Data Science се достигнува преку долгогодишна посветеност. Но, преку интензивна, соодветно модерирана програма и под менторство на искусни професионалци, еден почетник може да изработи Data Science проект по 8-12 месеци напорна работа – па дури и да се вработи како џуниор. Дознај повеќе!
2. Како можеме да објасниме еден модел за машинско учење?
Ако еден модел за машинско учење ни дава добри резултати, зошто едноставно не му веруваме на тој модел и да игнорираме како и зошто се направени соодветните одлуки? Проблемот е во тоа што една метрика, како што е точноста во класификациските проблеми, не го објаснува доволно реалниот свет.
Во овој текст, ќе се обидеме да ја објасниме важноста за толкувањето и објаснувањето на моделите. Кога станува збор за предиктивни модели, потребно е да се направи некаков баланс: Дали сакаме да знаеме само што е предвидувањето? Дознај повеќе!
3. Најдобриот кошаркар на сите времиња? Одговорот лежи во податоците
Business Intelligence е еден од најатрактивните модули на Академијата за Data Science порaди фактот што наоѓа примена во сите домени на работење. Како доказ за тоа колку се големи BI можностите, во оваа блог објава ви го претставуваме проектот изработен од Филип и Александар, студенти од нашата Академија за Data Science, кој има за цел преку детална анализа на податоците објективно да реши една од најголемите спортски дилеми на денешницата – Кој е кошаркарскиот G.O.A.T меѓу Мајкл Џордан и Леброн Џејмс, но во моментите кога тоа е најпотребно? Дознај повеќе!
4. Моќта на PowerBI прикажана преку Netflix визуелизација
Свесни сме дека веќе сме длабоко навлезени во ерата на податоците. Најголемите и најбрзорастечките компании ги засноваат својот бизнис и технологии на Data Science (Amazon, Apple, Facebook, Spotify, Tesla, Netflix), а со тоа расте и побарувачката на квалитетен кадар. Ви го претставуваме новиот проект на Филип и Александар којшто беше изработен за Onyx Data – Netflix Challenge со кој го земаa првото место за најдобра визуелизација во PowerBI. Дознај повеќе!
5. Модел за класификација на слики за Jägermeister – нов проект на Академијата за Data Science
Марија, Влатко, Филип и Александар се студенти од нашата Академија за Data Science, а воедно и едни од најдобрите студенти кои покажаа голема амбиција и интерес кон „играње“ со податоците и изработија успешни проекти. Како еден од реалните проекти на кој тие работеа е проектот за реалниот клиент – Jägermeister.
Овој пат, тие имаа задача да изградат модел што ќе препознава фискални сметки или фактури од слика, како и вадење на текстот од таа слика. Мотивот на проектот е да се додели награда на најверните потрошувачи на Jägermeister. Дознај повеќе!
Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!