Project & Product менаџментот е една од најкомплексните и најинтересните области за работа. Бидете секогаш подготвени за вистинска авантура од која никогаш нема да ви биде здодевно. Во оваа професија нема простор за луѓе коишто не се креативни и енергични.

Project & Product менаџерите се личности кои се одговорни за водењето на целиот проект преку сите негови фази, од започнување до неговото планирање, спроведување, контрола и завршување.

Иако ова се два различни типа на менаџери, тие формираат моќно дуо на крајот од денот. Нивните разлики се надополнуваат и гарантираат долгорочен успех за една компанија. 

 

 

5 причини зошто да почнеш да учиш Project & Product менаџмент:

 

  • Сите успешни бизниси зависат од квалитетот на нивните продукти и проекти

Иако продукт менаџерите и проектните менаџери често знаат да работат заедно, тие имаат сосема различни улоги. Додека продукт менаџерот ги поставува визијата, целите и стратегијата на продуктот, проектниот менаџер работи на многу проекти кои водат кон исполнување на претходно поставените цели. Накратко, продукт менаџерот е стратегот, а проектниот менаџер e вршителот на стратегијата.

Секоја компанија има свои продукти и проекти со кои располага за да оствари профит. Продуктот се однесува на производот или услугата што компанијата ја креира за да ги задоволи желбите и потребите на клиентите, додека пак, проектите, од друга страна се акциите кои се преземаат за да се постигне крајната цел. Од квалитетот на продуктите и проектите, а воедно и од квалификуваните кадри кои ги извршуваат тие задачи зависи успехот на секоја организација.

 

  • Многу голема побарувачка за Project & Product менаџери

Побарувачката за Project & Product менаџери бележи вртоглав раст според истражувањето Project Management Job Growth and Talent Gap 2017–2027. Тоа се должи на компаниите кои го пренасочуваат своето внимание од типични рутински активности кон реални проекти, а со тоа се создаваат и отвараат нови работни позиции каде што сѐ уште нема доволно квалификувани кадри за да ги пополнат истите.

 

  • Професија со значителна сигурност

Дефинитивно, ова е една од 3-те професии кои што гарантираат сигурност и брз напредок во кариера бидејќи како што кажавме погоре, побарувачката постојано расте. Во зависност од твоите вештини, искуство и знаење, просечната плата на Project & Product менаџерите се очекува да расте во следните десет години. Според последните статистики на Glassdoor, во зависност од државата во која работат и нивното искуство, овој тип на менаџери заработуваат помеѓу $51,000 и $110,000, додека пак, просечната годишна плата изнесува $88,000.

 

  • Можеш да работиш во било кој сектор или индустрија

Управувањето со проекти и продукти бара разновиден сет на вештини, од комуникација полна со разбирање и емпатија, раководење со тим и техничко планирање, до пишување на извештаи и репортирање. Постојат многу различни работни позиции и проекти кои ќе ти бидат достапни додека напредуваш во твојата кариера. Управувањeто со проекти и продукти не е ограничено на еден сектор или една индустрија. Денес, потребни се ваков тип на менаџери во голем број на индустрии, вклучувајќи ги следниве: градежништво, архитектура, здравство, производство, инженерство, ИТ и многу други.

 

  • Динамична професија со многу придобивки

Project & Product менаџментот е многу динамична професија која секогаш се менува и се соочува со нови барања. За да работите во оваа професија потребно е да бидете флексибилни и да се прилагодувате на најновите промени и трендови. Ако сте личност која претпочита разновидност, ова е типот на кариера на која никогаш нема да ви биде здодевно. Ќе работите на различни проекти и продукти од различни индустрии со различни тимови. Ќе користите различни алатки и процеси кои ќе ви ја олеснуваат работата и ќе добиете многу различни искуства, а вашето искуство ќе биде од суштинско значење за сите идни проекти и предизвици кои ќе произлегуваат од нивното менаџирање.

 

Доколку сакаш да си дел од Project & Product менаџмент заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата тука.

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!