Студентите софтвер тестери го тестираа продуктот „Periodic Table of Elements“

Без разлика за која област станува збор, праксата и теоријата се во нераскинлива врска. Теоријата произлегува од праксата, додека пак праксата генерира теорија. Ни во светот на Software Testing, ситуацијата не е поразлична.

Затоа, во рамките на нашата Академија за Software Testing им овозможуваме на студентите да стекнат знаење преку работа на реални проекти. Преку ваквите активности, секој студент има можност да работи на реален проект, под менторство на докажани и искусни инструктори, да го развива својот тимски дух и да добие увид до каде е со своето знаење.

Студентите од оваа Академија, имаа можност по само 2 месеци од почетокот на нивните предавања, да учествуваат на еден пријателски хакатон и да го имаат своето прво искуство со работа на реален проект, со цел да искусат како е да се работи во реална средина како софтвер тестер.

Проектот на којшто работеа студентите од Академијата за Software Testing на својот прв хакатон е „Periodic Table of Elements“, односно интерактивна веб-базирана табела со информации за елементите од периодниот систем, за која студентите требаше да изготват целосни bug репорти.

 

 

Работата на овој преокт започна со брифинг сесијата за спецификациите на проектот и објаснување на задачата којашто студентите требаше да ја изработат за 48 часа. Ова е неизоставен дел на секое тестирање на софтвер, со цел тестерите да ја организираат својата работа и да проценат кои тест дизајн техники да ги употребат во сценаријата кои ќе ги тестираат.

Студентите беа поделени во парови. На секој од паровите му стоеше на располагање ментор. Ова беше уште еден предизвик за нив – работа во пар со студент со кој не се запознаени доволно и треба да работат, но со истиот одлично се справија и тимскиот дух беше на највисоко ниво во текот на целиот викенд. 

 

 

Под менторство на Моника Божиноска, студентите напорно работеа, беа целосно посветени на својот реален проект и успешно го завршија предизвикот за само 48 часа. Огромна благодарност до менторката што во секое време им стоеше на располагање на студентите за совет, мотивација и поддршка.

Горди сме на студенти коишто се полни со амбиција и спремни да се соочат со сите предизвици кои ќе им застанат на патот! Продолжете така!

 

Си поразговаравме со дел од нив за проектот и нивната задача. Прочитајте што тие ни раскажаа:

 

 

Раскажете ни нешто повеќе за овој Хакатон. Како си поминавте и што најмногу ви остана во сеќавање?

„Сакам да изразам голема благодарност за можноста да учествуваме на првиот хакатон, каде сите имавме можност да ги споделиме знаењата од предавањата и заедно да направиме чекор напред во насока на нашата кариерна трансформација. Ова е настан кој бара максимална посветеност, одговорност, идеjа и вклученост на сите пријавени студенти на хакатонот, што лично мислам дека и сето тоа заедно го исполнивме, иако целиот процес и комуникација се одвиваше онлајн, што беше и голем предизвик за сите нас.“ – ни кажа Дејан

 

Што се очекуваше од вас и како се одвиваше целиот процес?

„Пред да учествувам на овој хакатон, самиот концепт за тоа што е хакатон беше непознат за мене. Не знаев што да очекувам и што всушност би требало јас да работам како софтвер тестер. Размислував дали воопшто да се пријавам, бидејќи сметав дека моите знаења не се на потребното ниво и дека едноставно нема да успеам воопшто да го завршам хакатонот. На крај, сепак преовлада мислењето дека присуството на хакатонот во минумум ќе ми покаже како изгледа практична работа во реална ситуација.

Со одличното водство и асистенција на целиот тим на Brainter се создаде едно прекрасно искуство кое би го повторила во секое време. Инструкторите и асистентите беа секогаш спремни за консултација, да дадат поддршка и да ги расчистат сите отворени прашања поврзани со хакатонот. Научивме многу, веќе совладаните вештини се споија во една целина и самиот поим за софтвер тестер доби реално значење за мене.“ – ни кажа Ирена

 

Како се изготвува еден квалитетен bug report и што содржи?

„Процесот од пронаоѓање на самиот bug до известување за истиот е комплексен и содржи многу елементи. Крајниот производ – извештајот за bug репортот треба да му објасни на програмерот што и кога се случува, како да го репродуцира самиот bug на најкраток, наједноставен и најразбирлив јазик.“ – ни кажа Јане

 

 

Кои беа предизвиците со кои се соочивте работејќи на овој проект? 

„Еден од најголемите предизвици на хакатонот беше работењето на дистанца. Со оглед на тоа што пандемијата сѐ уште трае, целата комуникација мораше да се одвива онлајн. И поради одредени технички проблеми што ги имавме, моравме да работиме со брзина на светлината како би можеле навремено да ја постигнеме нашата цел, а тоа е да го истестираме соодветно продуктот и да напишеме добри bug репорти.“ -ни кажа Ана Марија

 

Кои вештини ви беа потребни за да се справите со предизвиците? 

„Предизвиците со кои се соочивме на хакатонот, бараа од нас да ги употребиме сите стекнати вештини од Академијата, а пред сѐ моравме да бидеме detailed oriented со цел да ги забележиме и нотираме сите bug-ови што ги наоѓавме. Дополнително, комуникациските вештини играа огромна улога, затоа што како што кажа Ана Марија, целата работа на хактонот се одвиваше онлајн и затоа комуникацијата и јазикот преку chat требаше да биде јасна и концизна, за да се постигне крајната цел, односно да успееме да продуцираме квалитетни и разбирливи bug репорти. Целокупното искуство и сите предизвици со кои се соочивме за време на хакатонот ни дадоа можност да го примениме стекнатото знаење на real life projects.“ – ни кажа Христина

 

Која е целта на bug report-от и што следи понатаму?

„Целта на самиот bug report е да дадеме точни и прецизни податоци каде се наоѓаат баговите. Под точни и прецизни податоци се подразбираат: краток опис на bug-от (Test Summary), чекори за репродукција на самиот bug (Steps to reproduce), очекувани резултати (Expected results), вистински резултати (Actual results), колку самиот bug е критичен за апликацијата (Severity) т.е за функционирањето на софтверот, колку bug-от е важен за апликацијата – софтверот (Priority), дополнително се додаваат слики (Screenshots), видеа, каде е bug-от за полесно навигирање на самите програмери до bugs.

Вака целосно напишан bug report се испраќа до програмерите за поправање на сите недостатоци (bugs) кои ние сме ги откриле за функционирање на софтверот со што помалку грешки (bugs) во неговиот животен циклус.“ – ни кажа Стефан

 

И што имате да споделите за Академијата за Software Testing? Како си проаѓате? 

Голем предизвик за сите нас, максимална посветеност на часовите и извршувањето на домашните задачи, како и одлична соработка со студентите и менторите. Ако сакаш да направиш jump-start на нова кариера Академијата за Software Testing е одлична почетна точка. Посветеноста на целиот тим на Brainster го направи овој процес на кариерна транзиција полесен од тоа што го замислувавме. 

 

На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Останаа уште неколку слободни места во последната група од Академијaта за Software Testing овој уписен рок.

Побрзај со испраќање на твојата апликација и резервирај го своето место навреме!

Како до 1.000.000€? 🤫