Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 11 моменти што се случија на нашата Академија за дигитален маркетинг во 2023 година:
- Запишани повеќе од 200 студенти, оформени 8 групи
Оваа година на Академијата за дигитален маркетинг се запишаа повеќе од 200 студенти коишто се одлучија да направат дигитална трансформација и да ги надградат своите знаења и вештини. Студентите напорно работеа и се трудеа навремено да ги завршат сите предизвици и продуктивно да го искористат времето за лансирање на нова кариера! Им посакавме среќа и лесен почеток на студентите од групите 37, 38, 39, 40, 41, 42, 43 и 44 на Академијата за дигитален маркетинг.
- Се запознавме со новите студенти на Opening Networking настани
Во нашите простории се одржаа Opening Networking настани, каде што се запознавме со студентите од новите групи на Академијата за дигитален маркетинг. Студентите имаа можност да ги запознаат инструкторите, да дознаат повеќе за програмата и модулите кои ќе се изучуваат, како и да слушнат за искуствата на нашите алумни студенти и нивните успешни приказни! Исто така, ги доделивме и сертификатите на групите кои ја комплетираа програмата.
- Откриј како е да се биде дигитален маркетер!
Во овaa блог објава, си поразговаравме со Мила Павловска – алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг, како и дигитален маркетер во маркетинг тимот на Brainster & Brainster Next College, која ни раскажа како изгледа еден ден во животот на дигитален маркетер. Дознај повеќе!
- AirCare хакатон 1 & 2: Платформа за пријавување загадување во Скопје
Вкупно 250 студенти од академиите на Brainster, како и од Brainster Next College, на двата AirCare хакатона ја креираа апликацијата Breathe.mk, за пријавување на загадување на воздухот во Скопје. На двата 48-часовни хакатони во живо, кои воедно важат за најголеми во регионот, во соработка со стартапот Air Care (Мој Воздух) создадоа платформа која во иднина ќе ја користат граѓаните. Апликацијата ќе овозможи следење и пријавување на загадување на воздухот, по што на терен ќе излезат инспекторите за животна средина од Град Скопје. Дознај повеќе!
- Изработка на веб и мобилна апликација – SAFEBLINK
На овој хакатон во живо, повеќе од 100 студенти работеа на изработка на веб и мобилна апликација наменета за едукација на младите во полето на заштита на лични податоци и користење на податоци онлајн. Хакатонот произлезе како дел од проектот на Швајцарска амбасада – „Поддршка на изборни реформи“ имплементиран од Меѓународната фондација за изборни реформи (IFES). Дознај повеќе!
- Успешно завршени реални проекти за реални клиенти
Како задолжителен дел од програмата на Академијата за дигитален маркетинг е работата на различни предизвици и реални проекти. Изминатата година, студентите имаа можност да работат на повеќе креативни реални проекти за реални клиенти, како за време на предавањата, така и за време на Хакатоните. Студентите работеа на:
- Digital Marketing Strategy – Винарија Стоби
- Digital Marketing Strategy – ПЗУ Дента Ес
- Digital PR Strategy – Маврово 365
- Brand Strategy – Eco Food Concept
- Brand Strategy – Јади Домашно
- Brand Strategy – Healthy Life Skills
- Brand Strategy – Impala Research
- Landing Page – Игралиште
- Landing Page – Herbalife
- Landing Page – Извор
- Landing Page – CEED
- Content Marketing Strategy – WICE
- Content Marketing Strategy – REDI
- Студентите активно учествуваа на Cross-Academy Хакатони
Brainster Академиите постојано соработуваат со партнерите за ко-иновации, а студентите преку работа на реални проекти за реални клиенти ги совладуваат најбараните дигитални вештини. Студентите работеа на Хакатони за проектите:
- Посветеноста и трудот секогаш се исплатат!
Ги раскажавме приказните на: Мартин Стоиловски, Христијан Митров, Филип Богдановски, Дејан Станковиќ, Елеонора Крстеска, Кирил Стоименов, Мила Мишовска, Мери Шукуроска, Људмила Коруновска, Драган Батанџиовски, Владимир Младеновски, Дејан Михајловски, кои по завршувањето на нашата програма за дигитален маркетинг ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!
- 15 талентирани маркетери ги надградија своите знаења и вештини преку партнерството со Flowd
Првиот teaching партнер, наградуваната маркетинг агенција од Манчестер – Flowd, ни помогна во нашата мисија да го подобриме искуството и вештините на нашите студенти. Преку ова партнерство, 15 талентирани маркетери од Академијата за дигитален маркетинг имаа можност да ги надградат своите знаења на курсот „B2B LeadGen, E-mail Marketing“. Дознај повеќе!
- Што сè можеш да работиш ако знаеш дигитален маркетинг?
Дигиталниот маркетинг е брзорастечка индустрија која нуди бројни можности за кариера на поединци со соодветни вештини и начин на размислување. Во оваа блог објава, ги издвоивме најпопуларните патеки по кои можеш да ја движиш својата кариера во светот на дигиталниот маркетинг. Дознај повеќе!
- 5 работи кои ги научивме од маркетинг предавањето со Ива Дујак
Како се креира успешна маркетинг содржина во време кога сите имаме пристап до огромен број на информации и зошто е важно градењето релација со идните потрошувачи? Дознај повеќе!
Време е за твојата нова кариера, во новата ера на дигиталниот маркетинг!
Отсега, со Brainster+ зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Надгради ги твоите вештини преку супериорна програма со сите 9 ФАКТОРИ за вработување, што ги бара индустријата.
Аплицирај на Академијата за дигитален маркетинг и добиј го супериорниот едукативен пакет Brainster+