Запознај го Дејан Станковиќ – креативна и амбициозна личност, а воедно и алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг кој направи комплетна кариерна трансформација.

По неговото комплетирање на програмата, Дејан започна да ја гради својата кариера во светот на дигиталниот маркетинг како Social Media Marketer во Купи Компјутер.

 

Си поразговаравме повеќе со Дејан за неговото кариерно патување

 

Здраво Дејан! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделил за останатите?

Благодарам за честитките. Она што би го споделил со останатите е доколку би сакале да направат кариерна промена да не се двоумат и да се запишат на Академијата за дигитален маркетинг.

 

Зошто баш дигитален маркетинг?

Затоа што маркетингот е неодвоен дел од секој бизнис, а при тоа имаш можност за прикажување на својата креативност, како и freelance работа.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Искрено јас немав некои претходни очекувања. Ова беше мој личен предизвик, а она што можам да го кажам за Академијата е дека ми ги пружи сите потребни услови за да се здобијам со потребното знаење и вештини, и да ја започнам мојата кариерна промена.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Најголемиот предизвик беше тоа што започнав нешто сосема ново и со текот на времето ги проширував моите видици и креативноста. А покрај мојата желба, труд и посветеност, тука беа и професорите од Академијата кои нормално најмногу ми помогнаа во сето тоа.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Не беше еден, беа повеќе модули кои ми беа интересни, но можам да ги издвојам Landing Pages, SEO, Digital Marketing Strategy и Content Marketing, поради тоа што имав можност да ја изразам мојата креативност.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг започна да ја градиш својата кариера како Social Media Marketer во компанијата Купи Компјутер. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Преку препорака од фирма во која претходно бев на интервју.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад дигитален маркетер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

Моите обврски се одржување на нивните профилите на социјалните мрежи како copywriter и пуштање на кампањи.

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?

Слободно би им препорачал да го направат тој чекор затоа што заедно со инструкторите од Академијата, кои се целосно посветени на своите студенти, ќе го постигнат посакуваниот успех.

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

 



Како до 1.000.000€? 🤫