На Академијата за дигитален маркетинг студентите постојано работат на реални проекти за реални клиенти, и на тој начин се стекнуваат со најбараните техники и вештини на 21-от век.
Последниот предизвик со кој тие се соочија беше креирањето на бренд стратегија за клиентот Healthy Life Skills, односно на креативен начин да ја истакнат важноста на физичкото и менталното здравје.
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на тимот составен од членовите: Сара Костова, Марија Нешковска, Ана Крстова, Елена Атанасовска, Филип Русев и Александар Васев.
Во продолжение си поразговаравме со победничкиот тим за овој реален проект и искуството на Академијата за дигитален маркетинг
Здраво тим! Вие сте едни од најактивните студенти на Академијата за дигитален маркетинг, кои покажаа голема заинтересираност кон дигиталниот маркетинг и не ја пропуштија можноста да учествуваат на проектите. Што би ни кажале за себе?
Сара Костова: За себе можам да кажам дека сум дружељубива, комуникативна и креативна личност, секогаш подготвена за нови предизвици. Желбата да научам нешто ново за дигиталниот маркетинг и да ги надградам своите знаења во оваа област ме поттикна да се запишам на оваа Aкадемија.
Марија Нешковска: Од првото запознавање со Brаinster изразив желба да постанам успешен дигитален маркетер. Со текот на предавањата запознав одличен тим и амбициозни инструктори, кои допринесуваа да го зголемам интересот во ова поле. Досега се сретнав со многу нови работи, за кои сакам да се усовршам. Со максимално вложен труд се надевам на многу успешни проекти во светот на дигиталниот маркетинг.
Ана Крстова: Позитивна и амбициозна личност со страст за иновации и креативност, се туркам себеси да учам и да растам на нови начини. Постојано барам можности за личен и професионален раст, а токму Brainster и Академијата за дигитален маркетинг ми помагаат во тоа.
Елена Атанасовска: Доста љубопитна личност, секогаш спремна да учам нови работи и да си ги проширам сопствените хоризонти. Избрав дигитален маркетинг затоа што е професија која го движи светот напред, нуди иновативност и постојано надградување и учење. Се радувам што ја избрав Академијата за дигитален маркетинг на Brainster затоа што е место со премногу идеи, многу добри размислувања и предобри ментори.
Филип Русев: 20 годишно дете полно со амбиции, занимања, желба и сон за успех во кариерното поле, кој исто така сака животот да си го доведе по свои правила. Ја избрав Академијата за дигитален маркетинг на Brainster поради можностите кои ги нуди и како No.1 во тоа што го прават. Со самата Академија и знаењата кои ги добивам од истата, ми се отвараат вратите кон дигиталниот свет и можноста за голема кариера на светско ниво.
Александар Васев: Посветена и амбициозна личност за изучување на нови иновативни идеи за напредок во светот на дигиталниот маркетинг. Со фокус и страст кон креирање и реализирање на проекти се целам кон успех во оваа индустрија.
Како дел од Академијата за дигитален маркетинг, имавте задача да изработите проект за Healthy Life. Како работата на реален проект за реален клиент ви помогна да ги развиете своите вештини?
Реалниот проект го зголеми мотивот кај секој од нас и ја разбуди желбата за достигнување на победа, па тоа и го успеавме. Со овој проект научивме како тимската работа е одличен предизвик за надминување на сите потешкотии кои ни следеа. Меѓусебната комуникација нѐ поттикна да го дадеме својот максимум, со што секој студент ја покажа својата амбиција. Работата на реален проект ни овозможи да се запознаеме со низа на нови вештини. Научивме како да не го штедиме трудот и меѓусебната помош, со што успеавме да ја достигнеме целта!
Раскажете ни повеќе за овој проект и идејата зад него?
Во овој проект се сретнавме со личност со страст и добри намери кон подобрување и надградување на менталното здравје. Иако тие се претставени како јога инструктор, после нашиот brief ја сфативме пораката која таа сакаше да биде пренесена. Идејата зад овој проект е да се помогне на луѓе кои носат потешкотии и немири во самите себе и да се зголеми свеста за менталното здравје и неговото значење во нашето општество.
Како се одвиваше целиот процес? Која беше целта што требаше да ја постигнете?
Целиот процес беше навистина динамичен, но ние како тим уживавме во секој момент. Најпрво започнавме со брифинг состанок. Нашата клиентка имаше визија, а наша задача беше визијата да ја претвориме во реалност, преку одредени маркетинг активности. На самиот почеток на овој проект правевме многу истражувања и анализи за конкуренцијата, пазарот и трендовите. Стануваше збор за изработка на целосна маркетинг стратегија, па затоа беше доста предизвикувачки и исцрпувачки проект кој бараше доста работа и посветеност, но на крај сето тоа беше worth it.
Кои беа вашите задачи при креирање на оваа маркетинг стратегија?
Нашите задачи беа да смислиме креативно решение, односно дигитална маркетинг стратегија за брендот Healthylifeskills. Преку анализа на моменталната состојба на брендот, целосно разгледување и оптимизација на моменталната web страница и социјалните профили на нашиот клиент, дадовме предлог идеи за кампањи, изработка на мокап постови за Facebook и Instagram, разработка на Е-mail стратегија и предлог идеи за лого. Направивме едно целосно запознавање со брендот и преку примената на нашите знаења, дадовме финални решенија за нашиот клиент.
Какво беше чувството да работите на еден ваков проект?
Да се работи на еден ваков проект беше навистина интересно и пред сѐ големо искуство. Процесот на истражување, планирање и извршување на проектот за сите нас беше исполнувачки. Целиот тим беше посветен на проектот и се поддржувавме еден со друг во текот на процесот. Сепак, комуникацијата и соработката се клучни за успехот на проектот, а во нашиот тим тоа е секогаш на прво место. Имавме отворена комуникација, јасна поделба на улогите и одговорностите и редовни состаноци за консултации. Сето тоа доведе до победа и чувство на гордост.
Дали се појавија одредени предизвици во текот на вашата работа? Како успеавте да ги надминете?
Секако, самиот прв наш реален клиент беше нашиот најголем предизвик, а со тоа низ целиот процес се појавија одредени предизвици. Но, успешно се изборивме со нив преку тимската работа, тимската мотивација која беше постојано тука низ целиот процес и упорноста на секој еден поединец кој даваше сѐ од себе, за групата да не застане на некоја задача.
Што ве мотивираше да започнете да градите кариера во светот на дигиталниот маркетинг?
Пред сѐ, е многу интересна и креативна област која бара многу креативно творење и има многу за истражување. Воедно, сите сме свесни дека живееме во една дигитална ера која е во постојана динамика и обновување, па затоа сметаме дека дигиталниот маркетинг е една од најбараните професии во денешницата, а познавањето на оваа област “It’s a must”.
И за крај, најважната лекција што ја научивте до сега од предавањата?
Сара Костова: Постојано истражувај, анализирај и тестирај!
Марија Нешковска: Секој нов предизвик е твоја борба, дозволи грешките да те научат за својата вредност и за чувството кога си на врвот.
Ана Крстова: Лесно е да се обесхрабрите кога ќе се соочите со неуспеси или пречки, но важно е да истраете и да останете фокусирани на долгорочните цели.
Елена Атанасовска: Максимална посветеност, амбиција, иновативност и многу истражување!
Филип Русев: Постојано истражувај, научи да слушаш и најважното биди упорен во твојот сон.
Александар Васев: Секој ден е нова шанса да се научи нешто ново, небото е граница.
Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.
На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!