Запознај го Кирил Стоименов – алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг, а воедно и Dream Team студент кој покажа одлични перформанси за време на предавањата.

По неговото комплетирање на програмата, неговата амбиција и креативност резултираа со почетокот на нова кариера како Marketing & Communications Manager во European Journalism Centre – Холандија.

 

Си поразговаравме повеќе со Кирил за неговото кариерно патување

 

Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделил за останатите?

Кирил Стоименов, дипломиран психолог, моментално маркетер во обид. Надвор од професионалните ангажмани, професионален кувар за по дома, љубител на пијалоци и музика.

 

Зошто баш дигитален маркетинг?

Одлуката беше донесена за време на мрачните Ковид денови. 🙂 Со затворањето на светот, многу бизниси се насочија кон радикална дигитализација. Претходно имав мало искуство со маркетинг, па тоа ми беше пресудно да ја изберам токму оваа Академија.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Сума сумарум, да. Преку модулите стекнав поширока слика и појасна визија за целокупниот маркетинг процес. Научив доста, особено од сферата на техничкиот дел, којшто ми беше тотално непознат. 

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Поминав забавни 8 месеци на Академијата. Групната работа и колективното решавање проблеми/носење одлуки е она што ми помогна поглатко да се надминат тие предизвици.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Се потрудив да го најдам интересното и суштинското во секој од модулите. Секој модул е важен на свој начин, без разлика дали „ни лежи“ повеќе или помалку. Може да си најдобриот копирајтер на свет, но ако неправилно ја дозираш твојата мејл-листа, твоето ремек дело ќе заврши неславно.  

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг започна да ја градиш својата кариера како Marketing & Communications Manager во компанијата EJC (European Journalism Centre). Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Доста долг и предизвикувачки, да бидам искрен. Конкуренцијата во Холандија е огромна, а регрутерите ме информираа дека има неколку кандидати со доста побогато работно искуство од моето и дека ќе ми треба убедлив настап на интервјуата и тестирањата. Со експресна и ефективна помош (совет + консултација) од страна на Brainster тимот, успеав да ги поминам трите циклуси на интервјуа и при конечна селекција, да бидам избран како најсоодветен кандидат за позицијата. 

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад дигитален маркетер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

Имам задача да ја комуницирам целата тековна агенда на настани, како и генералната мисија и визија на организацијата. Веб, социјални мрежи, мејл. Од креативи до егзекуција. One man show, нож со 20 острици, но и одлична прилика да се совлада материјата низ пракса. 

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?

Нека истражуваат, нека бидат во тек со најновите збиднувања во индустријата и надвор од неа. Исто така, нека не се плашат да кикснат едно седумсто пати и нека аплицираат секаде, без разлика на искуство. 



Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!