Запознај ја Људмила Коруновска – алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг, а воедно и Dream Team студент, која се реши да ги надгради своите знаења и вештини.

Непосредно, пред комплетирање на програмата, Људмила започна да ја гради својата кариера како Communication & Administration Specialist во European Quantum Industry Consortium.

 

Си поразговаравме повеќе со Људмила за нејзиното кариерно патување

 

Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделила за останатите? 

Се викам Људмила Коруновска. Работам како Digital PR & Communications Professional, а имам и искуство во истражувањето на политиките и полињата за стратешки дигитални комуникации, како и солидна професионална позадина во деловната сфера.

Во моментов работам како специјалист за комуникација и администрација во Европскиот конзорциум за квантна индустрија (QuIC). Претходно служев како Policy Officer Blue Book Trainee во European Committee of the Regions, веднаш по бранењето на мојата магистратура по Европска политика и меѓународни односи на Универзитетот во Мастрихт. Покрај ова имам диплома и од политика и меѓународни односи на Универзитетот во Стратклајд (Обединето кралство).

 

Зошто баш дигитален маркетинг?

Се одлучив за дигитален маркетинг бидејќи верувам дека е моќна соврмена алатка во денешниот дигитален свет, која може да помогне во постигнувањето на целите на секој тип на бизнис или организација, без оглед на индустријата.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања? 

Академијата навистина ги исполни моите очекувања. Академијата за дигитален маркетинг на Brainster е создадена на начин да ги опфати сите основни сегменти на дигиталниот маркетинг. Притоа, студентите ја завршуваат програмата со комплетно познавање од сите модули и сметам дека тоа е нешто многу вредно и за пазарот на труд.

Дигиталниот маркетинг е област за која навистина треба да се има барем општо разбирање за сите негови компоненти бидејќи тие се суштински меѓусебно поврзани. Да се има делумно познавање на еден сегмент од дигиталниот маркетинг едноставно не е доволно. Исто така, би сакала да изразам благодарност до одличните инструктори во Brainster, кои се големи професионалци, особено до Ива Дујак и Деница Бојаровска, за нивната безрезервна поддршка во текот на моето студирање.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Моето искуство во Brainster беше одлично. Како личност која живее во Германија, многу ја ценам можноста за учење од далечина што ја дава Brainster преку својата платформа. Некои од техничките модули, како што е SEO, беа предизвик за мене бидејќи никогаш претходно не сум имала контакт со нив. Сепак, благодарение на поддршката од одличните инструктори, како и на мојата мотивација и посветеност, значително го проширив моето знаење од областа и уживав во процесот на учење.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Најинтересните модули ми беа следните два: Вовед во дигитален маркетинг и SEO. Во однос на првиот, навистина беше инспиративно да се следи процесот на дигитален развој во последните неколку децении и како тоа има директно општествено влијание. Кога станува збор за вториот, открив сосема ново поле на знаење за кое верувам дека е многу вредно да се има дури и ако некој не е професионално вклучен во тоа.

 

Пред да ја завршиш Академијата за дигитален маркетинг започна да ја градиш својата кариера како Communication & Administration Specialist во European Quantum Industry Consortium. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Непосредно пред да ја завршам Академијата, имав одлична можност да почнам со мојот нов професионален ангажман како Communication and Administration Specialist во European Quantum Industry Consortium. Како што претходно споменав, Академијата за дигитален маркетинг ми даде целосно познавање од областа. Ова беше пресудно за мојата подготовка за работата, а воедно имав и доста драгоцено знаење за барањата на позицијата воопшто.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад дигитален маркетер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

Во моментов, јас сум одговорна за сите активности поврзани со комуникацијата во име на конзорциумот. Јас самостојно го поставувам правецот на комуникацијата и потоа ја спроведувам преку разни онлајн и офлајн активности, дефинирани од мене. Овде, уште еднаш, би сакала да ја истакнам важноста да се има целосен преглед на различните компоненти на дигитален маркетинг. Да се има знаење во еден сегмент, како што е е-mail маркетинг на пример, едноставно не би било доволно за да ги исполнам сите обврски во рамките на мојата професионална улога.

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?

Првата и најважна работа е човек да има јасна цел и идеја за тоа што сака да постигне уште на самиот почеток. Ова ќе го направи целиот процес значаен и времето ќе биде корисно потрошено. Втората важна работа е мотивацијата и вистинската посветеност. Секој човек треба да работи напорно за да ја постигне својата цел.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

 

 


 

Meet Lyudmila Korunovska – an alumna of the Digital Marketing Academy and also a Dream Team student who decided to upgrade her knowledge and skills.

Just before completing the program, Lyudmila began building her career as a Communication & Administration Specialist at the European Quantum Industry Consortium.

 

We had a conversation with Lyudmila about her career journey.

 

Hello, hello! First of all, congratulations on your success and the beginning of your career! We at the Digital Marketing Academy are familiar with you, but what can you tell us about the rest?

My name is Lyudmila Korunovska. I am a Digital PR & Communications Professional with experience in policy research and the strategic digital communications fields. I also have a solid professional background in the business sphere.

Currently, I work as a Communication and Administration Specialist at the European Quantum Industry Consortium (QuIC). Previously, I served as a Policy Officer Blue Book Trainee at the European Committee of the Regions, right after completing my Master’s degree in European Politics and International Relations from Maastricht University. Additionally, I hold a Bachelor’s degree in Politics and International Relations from the University of Strathclyde (United Kingdom).

 

Why did you decide to study digital marketing?

I chose to study Digital Marketing because I believe it is a powerful contemporary tool in today’s digital world, which can help businesses or organizations of any industry achieve their goals.

 

Tell us more about the Digital Marketing Academy. Did the Academy meet your expectations?

The Academy has indeed met my expectations. The Digital Marketing Academy at Brainster is designed to cover all the core segments of digital marketing as a subject. As a result, students graduate from the academy with a comprehensive overview and knowledge of the topic, which I find very valuable for the job market.

Digital Marketing is a subject that requires a general understanding of all its components as they are intrinsically interconnected. Having partial knowledge of just one type of digital marketing is simply not enough. I would also like to express my gratitude to the great professional trainers at Brainster, particularly Iva Dujak and Denica Bojarovska, for their unwavering support throughout my journey at Brainster.

 

Which module was the most interesting for you and why?

The two most interesting modules for me were Introduction to Digital Marketing and SEO. The former was particularly inspiring as it allowed me to trace the process of digital development over the last few decades and understand its direct societal impact. As for the latter, it opened up a whole new field of knowledge that I believe is very valuable, even from an end-user perspective.

 

After graduating from the Academy, you started working at the company QuIC. Please tell us more about it.

Just before completing the Academy, I had the great opportunity to embark on my new professional journey as a Communication and Administration Specialist at the European Quantum Industry Consortium (QuIC). As mentioned earlier, the Digital Marketing course provided me with a comprehensive overview of the subject. This was crucial in preparing me for the job and gave me valuable knowledge of the position’s requirements in general.

 

What is expected of you in the workplace as a young digital marketer? What are your tasks and responsibilities?

Currently, my role entails taking charge of all communication-related activities on behalf of the Consortium. I am responsible for setting the direction of communication and implementing it through various online and offline activities, which I define. Once again, I want to emphasize the importance of having a comprehensive understanding of the different components of Digital Marketing. Being knowledgeable in just one area, such as Email Marketing, for instance, would not be sufficient to fulfill all the responsibilities within my professional role.

 

And finally, what would you recommend to all those who want to make a career change in the field of digital marketing?

The first and most crucial aspect is to have a clear goal and a clear idea of what one wants to achieve right from the beginning. This will give purpose to the entire process and ensure that time is spent in a valuable way. The second important ingredient is motivation and true dedication. It takes hard work to achieve one’s goals.

 

The enrollment for the upcoming group of the Digital Marketing Academy is ongoing! The number of remaining slots is limited, so book yours on time!

Make an appointment with our student admission team for more information and details about the program!

Аплицирањето за ваучер заврши!