Запознајте го Мартин Стоиловски – алумни од Академијата за дигитален маркетинг кој се реши да направи кариерна трансформација и започна да работи како Digital Marketing Assistant во Digitalizers.

Во оваа блог објава, тој ни ја покажа својата уникатна перспектива и преку креативен пристап ни раскажа за неговото студентско искуство, истакнувајќи ја динамичната атмосфера на една од најкреативните програми – Академијата за дигитален маркетинг која поттикнува оригиналност и иновативност кај секој студент.

 

Си направивме кул разговор со Мартин кој ни сподели повеќе за своето искуство

 

Здраво Мартин! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделил за останатите? Кој е Мартин?

Хелоу, хелоу! Овде Мартин, имам 29 години и сум сѐ уште млад. Професионален одбојкар на млади години, преориентиран во светот на продажба веќе 9 години. Толку за мене, повеќе за Brainster. 

Ако мислиш дека „кошта“ знаењето, почекај ќе видиш колку „кошта“ незнаењето. Замисли си само, како некој ти ја носи иднината пред очи (Академиите на Brainster), а ти… тешко е да утнеш, нели? Веќе го знаеш одговорот. 

 

Зошто се одлучи баш за дигитален маркетинг?

Не е некоја филозофија да се разбере. Како независни индивидуи треба да знаеме да си посееме и да си жнееме. Аналогија каде „сеењето“ претставува „Како да дојдеме до нашите потенцијални клиенти“, а жнеењето „Како да ги уживаме придобивките од продажбите“. Welcome to Digital Marketing.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Луѓето често зборуваат за евтино и скапо. Скапо е кога вредноста на услугата/производот ја доживуваш помала од цената. Евтино значи обратно, односно кога вредноста на услугата ја доживуваш поголема од цената. Ако јас ти кажам сега дека за мене цената е дури и евтина, јасни сме? Што мислиш, ги има исполнето моите очекувања? 

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

На почеток колку си понекомпетентен/на во областа на дигитален маркетинг, имаш толку повеќе предизвици, но и уште повеќе решенија. Еве како:

  1. Ти си во соба (онлајн) со луѓе кои се „попаметни“ од тебе на темава, а на тој начин слушаш и растеш.
  2. Важно е да знаеш дека не знаеш. После тоа ќе научиш. Сети се, не знаевме ни велосипед да возиме некогаш.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Секој модул носи уникатна вредност. Мене лично, Social Media Advertising – затоа што сфатив како Facebook ми ги „собрал“ ситните парички поради моето незнаење (кликајќи само на плавото копче Boost). Кликаш и ти, ама не палиТ? Еве го Brainster, да видиш после То како палиТ.

 

За време на Академијата за дигитален маркетинг започна да ја градиш својата кариера како Digital Marketing Assistant. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Започнав со работен стаж како Digital Marketing Assistant. И тоа замисли, на туѓ јазик затоа што не сум во Македонија. Процесот, алатките и компетенциите – се ценети секаде, па дури и во Македонија, за среќа. Јазикот е само средство за комуникација. Можев и јас, мислиш не можеш и ти? Види, не сум ништо попаметен. Потребно е само посветеност и работа.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад дигитален маркетер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

Да пуштиш кафемат и да пиеш кафе. Се шегувам, башка не пијам кафе. Агилност, креативност, тимски играч, љубопитност, критичко размислување, добра организација и менаџмент. Заборавив нешто? Чекај… а да, па каде одиме без амбиција и желба за континуиран развој? Мислам доволно е, нели? Има уште многу, али доволно е за почеток.

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?

Па уште ли чекаме? До кога? Јас лично немам планирано втор живот, затоа направив промена. Хаха, ај сега сериозно. 

Што би им препорачал. Најдругарски: Ако си задоволен таму каде што си, седи си и ќути си (така ми викаше баба), ако не – еве ти ја шансата. Јас не ја послушав баба ми. Се откажа да ме разубедува, али богами и не гледа причина за да го прави тоа.

Среќно, низ новото патешествие… и не ја слушај баба, направи ја да биде горда на тебе.

 

 

Со новата Brainster + Академија за дигитален маркетинг за 0 денари ти обезбедуваме дополнителни 20 курса кои ќе те издвојат од конкуренцијата во дигиталниот маркетинг.

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА