Запознај го Филип Богдановски – алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг кој направи комплетна кариерна трансформација.

Дополнително, Филип е новото засилување во маркетинг тимот на Brainster на позиција Growth Marketer и има за цел постојано да учи нови работи и да се надградува.

 

Си поразговаравме повеќе со Филип за неговото кариерно патување

 

Здраво Филип! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделил за останатите?

Здраво, здраво! Јас сум Филип, дипломиран економист во сферата на банкарството и финансиите, кој не се пронајде баш таму. Поради тоа сакав да направам кариерна промена во нешто подинамично и понапредно. 

 

Зошто баш дигитален маркетинг?

Бидеќи е доста креативна професија со многу предизвици која помага во креирањето крајна вредност.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Апсолутно. Академијата беше сеопфатна, беа вклучени сите потребни информации за успешно започнување на кариера како маркетер. 

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Бев сериозен и посветен студент, и сакав да научам сѐ. Пробував да бидам активен на сите предавања и тоа се рефлектираше понатаму. Еден од најголемите предизвици ми беше да ја видам пошироката слика, односно да ја разберам логиката позади сите активности. Тоа ми стана појасно на самиот крај кога работев на завршниот проект за комплетирање на Академијата.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

SEO, затоа што отсекогаш ме интересираше како работи Google, односно неговиот search engine.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг започна да ја градиш својата кариера како Digital Marketing Manager во компанијата Property One. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Имав различни задачи и обврски од кои научив доста работи. Целиот процес беше искуство кое ме подготви и охрабри да направам нова промена. 

 

Твојата нова работна позиција е токму во Brainster во маркетинг тимот. Каква е атмосферата?

Сега започнав на нова позиција како Growth Marketer, тука во Brainster. Верувам дека во оваа средина ќе можам дополнително да се надградувам и да учам нови работи. Од самиот старт бев прифатен од сите, како да сум работел тука долго време. Атмосферата е доста динамична за целиот маркетинг тим. Имаме интеракција скоро со сите тимови, и како организација остваруваме заеднички цели.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад дигитален маркетер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

Моите задачи се поделени, една од нив е организирање вебинари, од моментот кога се јавува потреба за вебинар до активности кои се преземаат по завршување на вебинарот. Дополнително го преземам делот со е-мејл маркетинг и сите поврзани активности. Од мене се очекува да придонесам во собирањето нови лидови и нивна конверзија во студенти.

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?

Би им препорачал да бидат храбри и посветени во процесот на учење, бидеќи е сфера со многу можности во која има константно надградување.

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!