5 работи кои ги научивме од маркетинг предавањето со Ива Дујак

Како се креира успешна маркетинг содржина во време кога сите имаме пристап до огромен број на информации?

Дознај која е целта на маркетинг содржината, зошто е важно градењето релација со идните потрошувачи, како луѓето ги добиваат и перцепираат информациите и како да креираме содржина.

Ива Дујак е инструктор на нашата Академија за дигитален маркетинг, а воедно и доктор на науки од областа на маркетингот, креативен директор и партнер во маркетинг агенцијата Brand Union со повеќе од 11 години работно искуство. 

 

Во продолжение, најважните работи кои ги научивме на предавањето:

 

1. Што е Content Marketing?

Маркетинг форма фокусирана на развивање, објавување и споделување на содржина прилагодена на потребите, интересите и барањата на целната публика online. Идејата е дека content marketing-от ни помага да формираме заедници и врски, а потоа е многу полесно да им продадеме нешто на тие заедници.

 

2. Нов пристап во креирање видео

Ако тргнеме од тоа како порано биле видеата снимени имаме:

  • Еднонасочна комуникација;
  • Масовно обраќање;
  • Содржина креирана од брендови;
  • Однапред осмислена и креирана содржина;
  • Поформален пристап;
  • Пасивно вклучување на публиката;
  • Груба аналитика;

Во денешно време, од брендовите очекуваме:

  • Двонасочна комуникација;
  • Еден-на-еден обраќање;
  • Содржина креирана од брендови, но и од корисници;
  • Креирање во реално време;
  • Помалку формален пристап;
  • Активно вклучувањена публиката;
  • Длабинска аналитика;

 

3. Како да останеме актуелни?

  • АВТЕНТИЧНОСТ – Реални за своите маани и предности. Отворени да зборуваме, транспаренти за начинот на кој работиме.
  • КРЕАТИВНОСТ – Храбри, подготвени да пробуваме нови работи, да ја раскажуваме истата приказна на повеќе различни начини.
  • СЛЕДЕЊЕ НА ТРЕНДОВИ – Тема, начин на снимање, концепт за снимање, песна, звук…

 

4. Real-time маркетинг денес

Во денешно време тоа значи: Најди го креаторот којшто го прави тоа и веднаш поврзи го со твојот бренд. Или пак, најди trending topic и надополни се на истиот. Real-time маркетингот мора да биде многу побрз и тука е попредизвикувачкиот дел бидејќи бара да се креираат видеа.

 

5. Takeaways!

  1. Идеалното повеќе не е доволно добро.
  2. Најдете средина помеѓу она што го нуди вашиот бренд и што бара публиката.
  3. Применте TikTok пристап во целата Content стратегија.
  4. Не се плашете да тестирате и експериментирате.

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.