Запознај го Драган Батанџиовски – алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг, кој реши да направи комплетна кариерна трансформација и да ги надгради своите знаења и вештини.

По комплетирањето на програмата, Драган започна да ја гради својата кариера како Digital Marketing Specialist во креативната агенција Webiart.

 

Си поразговаравме со Драган за неговото кариерно патување

 

Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделил за останатите? 

Здраво, јас сум Драган, имам магистрирано криминалистика, и сега најново ја завршив Академијата за дигитален маркетинг на Brainster. За себе можам да кажам дека сакам секакви предизвици и не се откажувам додека не стигнам до зацртаната цел.

 

Зошто баш дигитален маркетинг?

Маркетинг е многу стара професија, а секоја стара професија со долга традиција нема да престане, по мое размислување само уште повеќе ќе се развива. Со самата дигитализација, маркетингот е во најголем подем како никогаш порано, па затоа се одлучив за оваа нова струка со која ќе можам да работам кога сакам и од каде сакам на Земјината топка.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања? 

Академијата секако ги надмина моите очекувања, професионалноста и посветеноста кон студентите е на највисоко ниво. Платформата за учење е совршена и има многу бонус материјали за сите оние кои сакаат да станат професионалци во една област.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Искуството како студент ми беше многу интересно. Огромен предизвик за мене беше тоа што се впуштив во сосема нова и непозната струка со која се немав воопшто сретнато, пред да се запишам на Академијата, односно тоа што почнав од нула. Како најголем предизвик можам да го издвојам модулот за SEO, а успеав да го надминам со преслушување на часовите отпочеток, сѐ додека не ја разберам поентата и увидам дека има позитивен резултат од домашните задачи по тој модул.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Модулот за Social Media Advertising, кај инструктор Марко Ивановски. Едноставно многу ми беа интересни предавањата со Марко, имавме многу часови, но исто така за мене беше најлесен за учење од сите останати.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг започна да ја градиш својата кариера како Digital Marketing Specialist во агенцијата Webiart. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

По завршувањето на Академијата, ја започнав својата кариера како дигитален маркетинг специјалист во Webiart – Creative Agency. Процесот не беше многу тежок. Аплицирав на оглас на кој бараа дигитален маркетинг специјалист, ме повикаа на кратко интервју и за 3 дена имав позитивен feedback – понуда за работа.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад дигитален маркетер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

На работното место имам различни задачи, а според важноста и роковите – истите ги завршувам. Работам напоредно на 3 клиенти, а некогаш на 4-5 релативно според потребите. Од мене се очекува да бидам во тек со најновите маркетинг настани, многу да го истражувам пазарот и конкуренцијата, како и  да ја донесам правилната односно добитната одлука за една креатива која би се преточила во еден добар пост, блог или цела маркетинг кампања. 

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?

Да не се откажуваат и да не ја започнуваат воопшто ако немаат основно познавање на англиски јазик. За тие што ќе започнат да ги следат предавањата внимателно и да ги преслушуваат кога не им е јасно или нешто не разбрале, успехот е загарантиран. Среќно!

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.