Студентите имаа можност да работат на реален проект за реален клиент и да го заокружат своето маркетинг патување кое го започнаа пред 8 и пол месеци. 

Задачата којашто требаше да се изработи беше целосна маркетинг стратегија за Винарија Стоби, под менторство на инструкторите Ива Дујак, Златко Матески и Марко Ивановски.

Во оваа блог објава, ќе го дознаете искуството на Мартина Мајсторовиќ – студент на Академијата за дигитален маркетинг чија маркетинг стратегија го зема победничкото место по презентацијата пред клиентот.

Дополнително, Мартина е Dream Team студент од Академијата, а воедно има и победено на проектите: Хакатон за Април22, Landing page за Herbalife, Content стратегија за REDI – Shutka Mall и Digital PR стратегија за Маврово 365

 

Во продолжение, си поразговаравме со Мартина за овој реален проект

 

 

Здраво Мартина, ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделила со останатите? 

Здраво дечки! Во кратки црти – дипломиран преведувач по англиски и германски јазик кој се пренасочи кон дигиталниот маркетинг и веќе повеќе од две години работам во оваа струка, но сакав да го „исполирам“ знаењето, па така се запишав на Академијата за дигитален маркетинг на Бреинстер.

 

Ти си една од нашите студенти кои покажаа одлични перформанси на Академијата и беше дел од победничките решенија на многу интересни и креативни проекти. Најпрво, како си помина на Академијата?

Искуството беше одлично. Курикулумот е сеопфатен, темпото на часови е динамично, и по секој модул имавме завршна задача која го комплетираше она што дотогаш го имавме научено.  

 

 

Со цел да ја завршиш Академијата, имаше задача да изработиш завршен проект – маркетинг стратегија за STOBI Winery. Раскажи ни повеќе за овој проект!

Овој проект беше нашата „голема финална испитна задача“, збир од сето она што го имаме научено на Академијата во изминатите 8 и пол месеци – oд а до ш. 

 

Која беше идејата зад проектот и што требаше да се постигне?

Со овој проект/кампања за социјални мрежи, Винарија Стоби сакаше да го испромовираме нивното ново портфолио, како и ребрендинг. Да се изнајде нов и креативен начин како би се ставил акцент на имиџот и брендот STOBI, новите вински линии, и да се зголеми бројот на следбеници на инстаграм (бидејќи е нов профил).

 

 

Како изгледаше целиот процес и кои беа твоите задачи?

Целиот проект беше барање исцрпна анализа на брендот: SEO Audit, Google Analytics, како и техничка работа: поставување Google и Social Media Ads, а воедно и email кампања.

Од друга страна, покрај техничкиот дел и анализата, знаев дека на клиентот (маркетинг одделот на Винарија Стоби) му е најважно да му се претстави некој нов маркетинг агол, некоја свежа content стратегија, нешто што е впечатливо – и изводливо. Па така, осмислив и разработив идеја за Винска Апликација, која ја врзав со lead generation и email кампања, како и content стратегија за социјалните медиуми.

 

Што би ни раскажала за атмосферата и чувството да се работи на еден ваков проект? Како течеше соработката со клиентот?

Тоа беа две од најинтензивните недели на Академијата – ако не ги рачунаме хакатоните. Секој проект е приказна за себе, па кога ќе ти дојде креативно решение за кампањата, сѐ друго оди брзо!

 

И за крај, колку си задоволна од целиот овој процес на работа и работата на ваков вид на проекти, со кои оставаш импакт на целото општество?

Посебно ми се допаѓа што има голем број на практичната работа и проекти. Покрај теоријата и hands on искуството, тука се вежба и како да искомуницираме со клиентот, како да ги добиеме потребните информации со цел да ја доловиме нивната визија, и – најважното – како да го претставиме нашето решение пред нив.



Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!