Победничко решение за WICE

На Академијата за дигитален маркетинг студентите постојано работат на реални проекти за реални клиенти, и на тој начин се стекнуваат со најбараните техники и вештини на 21-от век.
Под менторство на нашиот инструктор Ива Дујак, студентите со максимална посветеност и многу труд, работеа на реален проект за клиентот WICE.
Нивната задача беше да креираат Content Marketing стратегија и на креативен начин да ја истакнат уникатноста на овој бренд.
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Ивана Јованоска и Василиј Србиноски.
Во продолжение, си поразговаравме со Ивана и Василиј за нивното искуство на овој реален проект
Здраво тим! Што ќе ни раскажете за себе?
Ивана: Здраво здраво. Во кратки црти – дипломиран криминалист кој по завршување на студиите реши да направи кариерна промена. Со многу работа и труд, сега по професија Independent Content Writer & Ideas Finder, и горда сум што можам да кажам дека уживам во секој момент во тоа што го работам. Overthinker, перфекционист, и љубопитна личност која постојано сака да учи нови работи, па и затоа се запишав на Академијата за Дигитален Маркетинг. Обожавам да гледам филмови и серии, а батерии полнам со прошетки во природа.
Василиј: Здраво, јас сум Василиј. Средношколец кој тренира и активно се бави со кошарка. Обожавам да читам книги и да ги надградувам своите знаења, поради тоа одлучив да ја запишам оваа прекрасна Академија која ми отвори и сигурен сум дека ќе ми отвори нови врати.
Вие сте едни од нашите студенти кои покажаа одлични перформанси на Академијата и имаа можност да работат на креативни и интересни проекти. Најпрво, како си поминувате на Академијата?
Ивана: Многу ме радува тоа што инструкторите, а и останатиот дел од тимот на Brainster го препознава вложениот труд, и тоа е една од причините кои уште повеќе ме мотивираше да дадам сѐ од себе, како на часовите така и при изработка на реалните проекти и домашните. На Академијата си поминувам навистина одлично. Учам доста нови работи и запознавам успешни и амбициозни личности со кои се надевам кариерните патишта ќе ни се спојат во иднина.
Василиј: Перфектно распоредените модули ми овозможија полека да се вклопам во дигиталниот свет. Со помошта на менторите кои го прават овој пат поинтересн, можам да кажам дека искуството е одлично.
Раскажете ни нешто повеќе за овој проект? Што беше целта?
Ивана: Целта беше да искреираме Content Marketing & Visual Storytelling стратегија. Нашата задача беше да направиме истражување и анализа на брендот, да одредиме комуникациски цели и buyers persona, како и на кои медиуми ќе се спроведува комуникацијата. Исто така, требаше да изработиме и месечен content plan со наши предлози и идеи за објави на социјални мрежи и да изнајдеме начини како во визуелна форма да се презентира брендот.
Од каде ја црпевте инспирацијата и како се одвиваше целата соработка со клиентот?
Василиј: Нашата задача беше да изработиме content plan за социјални мрежи. Тоа што ми помогна да направам интересен и автентичен проект е моето мало искуство со правење на content за други компании. Можам да кажам дека и специфичните сладоледи кои ги имам пробано, нивниот дизајн, споени со моето знаење, ми помогнаа и ме инспирираа доволно да го направам овој план.
Што би ни раскажале за атмосферата и чувството да се работи на еден ваков проект?
Ивана: Искуството беше супер. Инструкторката Ива Дујак со добар план и јасни инструкции се погрижи чекор по чекор успешно да ja изработиме целата стратегија. Атмосферата беше дефинитивно енергична, и динамичниот начин на работа ми дозволи да бидам дел од едно доста уникатно искуство.
Василиј: Работејќи за ваков бренд кој е единствен на нашиот пазар го направи чувството поразлично. Прв пат се среќавам со ваков продукт, па ми овозможи да ја искористам мојата имагинација. Посакувам секој маркетер да ја почуствува атмосферата за време на работењето на ваков проект.
И за крај, колку сте задоволни од целиот овој процес на работа, како и работата на реални проекти со кои оставате импакт на целото општество?
Ивана: Многу сум задоволно од целокупното искуство што го стекнувам. Имав можност да работам на повеќе брендови од различни индустрии и тоа ми помогна уште повеќе да ги развијам моите вештини. Прекрасно е чувството што со трудот и моите скромни познавања можев да влијаам и да оставам некаков импакт. Работата на реалните проекти на Академијата дефинитивно ни овозможи да согледаме дека со вложен труд може да се примени во пракса сѐ она што сме го научиле на часовите.
Василиј: Максимално задоволен. Тоа што овој процес го направи полесен е доброто објаснување од страна на менторот и добро поставена цел. Јас мислам дека работењето на реален проект е одличен начин да ги тестираме нашите знаења стекнати на тој модул. Среќен и благодарен што имав можност да работам на овој проект.
Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата тука.
На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!