15 талентирани маркетери ги надградија своите знаења и вештини преку партнерството со Flowd

Во Brainster сме секогаш во потрага по иновативни начини да ги поддржиме талентираните студенти и да ги обезбедиме вештините што им се потребни за да се истакнат во динамичниот свет на дигиталниот маркетинг. 

Денес, воодушевени сме што можеме да ги споделиме возбудливите вести од најновата соработка на Brainster со наградуваната маркетинг агенција од Манчестер – Flowd, а воедно и првиот teaching партнер, кој ни помогна во нашата мисија да го подобриме искуството и вештините на нашите студенти.

Преку оваа заедничка соработка, 15 талентирани маркетери од Академијата за дигитален маркетинг беа спонзорирани од страна на британската агенција Flowd и имаа можност да ги надградат своите знаења на курсот „B2B LeadGen, E-mail Marketing“.

Со цел успешно да го комплетираат курсот, студентите имаа задача да ги изработат своите финални проекти и да ги презентираат пред инструкторката на курсот – Билјана Арсовска, Country Manager во Flowd и Јана Тодоровска, тим лидер на Partnerships тимот на Brainster. По финалните презентации, тие добија сертификати за учество и можност да станат дел од оваа маркетинг агенција.

 

Во продолжение, си поразговаравме со инструкторката и студентите за искуството на овој курс

 

 

Соработувавме со студенти коишто имаа голем потенцијал и покажаа интерес 

За време на интензивниот курс фокусиран на B2B Lead Gean E-mail Marketing, 15 студенти од Академијата за дигитален маркетинг, тргнаа на едно трансформативно патување со цел да ги надградат своите знаења и вештини. Курсот претставуваше значаен предизвик, барајќи длабоко разбирање на стратегиите за генерирање на потенцијални B2B клиенти.

 

 

„B2B Lead Gen E-mail маркетинг е необично поле од маркетингот и затоа бев возбудена за ова партнерство со Brainster бидејќи сметам дека не е толку застапено толку кај нас во Македонија, а воедно ми беше предизвик да видам како би се одвивал целиот курс и како би напредувале студентите. Бев пријатно изненадена од резултатите бидејќи детално поминавме сѐ за кратко време и позитивно сум изненадена од студентите и начинот на кој ги презентираа финалните проекти. Соработував со студенти коишто имаа потенцијал и покажаа интерес за нашиот бизнис“, вели Билјана Арсовска, која е Country Manager во Flowd.

 

 

Со огромна посветеност, студентите не само што го исполнија предизвикот, туку и оставија позитивни впечатоци. Нивната напорна работа, креативност и ентузијазам блеснаа додека навлегуваа во темата, ја сфатија комплексноста на ова поле во маркетингот и го применија новостекнатото знаење преку креирањето и презентирањето на финалните проекти.

„Многу беше smooth целиот процес, иако бев многу зафатена, тимот на Brainster ми помогна за подготовка и генерално одлично се одвиваше соработката. Владееше позитивна енергија, а позитивно сум изненадена и јас. Дефинитивно, имаше супер студенти коишто ме изненадија бидејќи беа посветени, прашуваа многу прашања и даваа сѐ од себе. Веќе имам „пикирано“ студенти коишто ги препознав како наши идни вработени односно колеги, така што, во процес сме на барање CV-ја на студентите и ќе ги видиме резултатите“, додава Арсовска.

 

 

Добиеното знаење многу ќе ни користи во нашите кариери

Како што се одвиваше курсот, се појасен стануваше фактот дека синергијата помеѓу студентите и нивната страст за учење нови работи дава извонредни резултати. Нивниот раст и развој, не беше поттикнат само од изучувањето на нешто ново, туку и од нивната посветеност и љубопитност, коишто го зацврстија верувањето дека иднината на маркетингот им припаѓа на оние кои се проактивни и имаат огромна страст кон професијата.

Сара Костова од Академијата за дигитален маркетинг, ни раскажа дека по завршувањето на курсот се одлучила што сака да работи и во која насока да ја движи својата кариера.

„Искуството беше прекрасно и научивме многу нови работи. За разлика од делот за E-mail маркетинг кој го учевме на Академијата, овој курс беше специфичен за B2B Lead Generation. Целиот курс ми помина многу брзо и имам само позитивни коментари. После овој курс, дефинитивно се одлучив што би сакала да работам, а тоа е Lead Generation E-mail Marketer. Благодарение на инструкторката Билјана, која ни отвори нови видици во овој дел од маркетингот, сметам дека добиеното знаење многу ќе ми користи во мојата идна кариера“.

 

 

За Филип Русев, алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг, учеството на овој курс е од огромно значење бидејќи детално навлегол во областа.

„Премногу сум задоволен од курсот. Беше одлично објаснето и навлеговме подлабоко во областа, а инструкторката беше перфектна. Детално ни објаснуваше и имавме простор за дополнителни прашања ако некаде заглавевме. Ова знаење би можел да го искористам дури и кога би праќал мејлови кон потенцијалните компании каде што би сакал да работам, бидејќи би можел на друг начин да им пристапам за да го добијам нивното внимание. Секој сертификат е добредојден, ќе ни помогне да се одвоиме од некого, ама сепак зависи од нас колку ќе понудиме во понатамошната работа и како би ѝ помогнале на компанијата“.   

 

 

Според Марина Златеска Божиќ, алумни студентка од Академијата за дигитален маркетинг, курсот за B2B Lead Gen Marketing е плус во нејзиното знаење и образование.

„Овој курс ми ги надгради знаењата за E-mail маркетинг. Пред тоа, на Академијата учевме за општ E-mail маркетинг, а ова е сосема нешто поразлично и за мене нешто плус во знаењето и образованието. Се надевам дека ќе продолжам да работам во оваа сфера, бидејќи е многу интересна и предизвикувачка. Инструкторката беше достапна цело време за нас, на секое прашање имаше одговор, а тоа ми остави многу позитивен впечаток“. 

 

 

Курсот ни отвори нови видици и беше значајно искуство за секој студент

Александар Васев од Академијата за дигитален маркетинг, ни сподели дека курсот му овозможил да научи како е да се работи со компании.

„Искрено сум многу задоволен бидејќи имав претходно познавање од E-mail маркетинг, но сега сакав да се запознаам повеќе со B2B. Курсот ми овозможи да научам како да работам со компании. Ова знаење ќе ми помогне понатака, со цел да станам E-mail Marketing Strategist и да продолжам да го практикувам на работа. Курсот беше забавен, интерактивен и имаше симулација на вистинско работно место и начин на кој вистински се одвиваат работите“.

 

 

Викторија Андонова, алумни студентка од Академијата за дигитален маркетинг истакна дека ги надградила своите знаења, но и дека е многу задоволна од искуството коешто го добила.

„Искуството коешто го добив е многу интересно, прво поради инструкторката Билјана којашто навистина, за нас – почетници само што излегле од Академија, ги надгради нашите знаења бидејќи ни покажа како да користиме алатка, нѐ научи како да таргетираме, како да одбереме индустрија и да напишеме скрипти, едноставно како да направиме еден човек од проспект да стане лид. Јас сум многу задоволна од тоа што го научив и чувствувам голем напредок“. 

 

 

Курсевите отвораат нови видици и се големи и значајно искуство за секој студент, затоа Маја Котевска од Академијата за дигитален маркетинг била пресреќна кога дознала за можноста дека ќе научи нов дел од E-mail маркетингот.

„Се израдував кога ми кажаа за овој додатен курс. Овој дел од маркетингот ми беше омилен и најмногу ми „лежеше“ за време на Академијата, баш се израдував што ќе имам можност да научам некој нов дел од E-mail маркетингот. Курсот ми отвори нови видици бидејќи E-mail маркетингот го замислував како нешто друго. Нуди многу можности да напредуваш, како кај нас, па така и во странство. Дефинитивно, во оваа област би продолжила. Презадоволна сум од Brainster, но и од курсов, бидејќи нѐ учат нас студентите од лични искуства со добри примери од индустријата“. 

 

Бидeте дел од иднината и соработувајте со Brainster преку платформата за партнерстваKонтактирајте нѐ на [email protected]

*Текстот првично е објавен на LinkedIn во англиска верзија.