На Академијата за дигитален маркетинг студентите постојано работат на реални проекти за реални клиенти, и на тој начин се стекнуваат со најбараните техники и вештини на 21-от век.

Последниот предизвик со кој тие се соочија беше креирањето на бренд стратегија за клиентот Јади Домашно, односно на креативен начин да ја истакнат вредноста и уникатноста на платформата Јади домашно.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на тимот составен од членовите: Тинка Џинева, Светлана Петровска, Шејла Хајрадинович, Виктор Зарковски и Војдан Тодоров.

 

Во продолжение си поразговаравме со победничкиот тим за овој реален проект и искуството на Академијата за дигитален маркетинг

 

 

Здраво тим! Вие сте студенти на Академијата за дигитален маркетинг. Честитки за успешно завршениот проект. Кажете ни нешто за вас да ве запознаеме.

  • Тинка – Љубопитна и комуникативна, која сака постојано да учи нови работи и креативно да се изразува.
  • Шејла – Kреативна и упорна, секогаш спремна за учење на нови нешта и спремна за нови предизвици.
  • Виктор – Креативец и тимски играч кој сака предизвици и да дознае повеќе.
  • Светлана – Ведра, комуникативна, секогаш подготвена за ново знаење.
  • Војдан – Модерен и иновативен средношколец, мотивиран за учење и постигнување на најдобри резултати.

 

Раскажете ни повеќе за овој проект и идејата зад него?

Идејата за овој проект ни ја претставија Тодор и Елена, кои живеат во Холандија, но ја сакаат нашата држава и дошле до идеја дека сакаат да направат стартап, платформа преку која ќе се овозможи домашните вкусови да допрат до пошироката маса. Со помош на платформата Јади домашно, ќе им дадеме шанса на оние кои имаат желба и поседуваат дарба за готвење, претставени како „домашни шефови”, да им излезат во пресрет на оние кои немаат време или не се успешни во кујна, да можат да уживаат во прекрасните вкусови на домашно подготвена и топла храна, или производи кои се направени (одгледани) во домашни услови и се специфични за нашето поднебје.

 

Како се одвиваше целиот процес? Која беше целта што требаше да ја постигнете?

Со оглед на тоа дека бевме на самиот почеток на изучување на целата материја и Академијата, кога започнавме да работиме на проектот имвме доста нејаснотии, но со самото знаење коешто ни беше пренесено од страна на нашите инструктори и беспрекорната помош од менторот Виктор Милевски, целата маркетинг стратегија доби смисла и добивме јасна слика. Со самото тоа што стануваше збор за избработка на целосна маркетинг стратегија за платформа којашто не е сѐ уште пласирана, беше доста предизвикувачки, исцрпувачки, но и worth it во исто време. Наша задача беше да најдеме креативен начин за да ја истакнеме вредноста и уникатноста за платформата Јади домашно, преку која ќе се нудат висококвалитетни производи и храна, приготвени во домашни услови и од домашни производители, преку креирање на маркетинг стратегија, со поставување на маркетинг цели и целокупниот план преку кој истата би ја лансирале во јавност.

 

Какво беше чувството да работите на еден ваков проект? Како течеше целата соработка?

Со оглед на тоа што бевме во почетна фаза со нашата Академија, самиот проект ни претставуваше еден вид предизвик, а воедно и можност да видиме во кој правец се движиме и како е поставен нашиот мајндсет во оваа област. Имавме огромна поддршка од нашиот ментор Виктор Милевски, кој на наједноставен начин ни ги постави работите и ни помогна со огромна леснотија да ја надминеме секој пречка. Мора да ја спомнеме и тимската работа, која беше прекрасно искуство за нас. Секоја активност беше извршена во консултација со сите членови од групата, имавме прекрасна соработка и одлично поминато време посветено на проектот.

 

 

Дали се појавија одредени предизвици во текот на вашата работа? Како успеавте да ги надминете?

Работењето на еден ваков проект беше вовед за нас во светот на дигиталниот маркетинг. Со овој проект се здобивме со многу повеќе знаење и способност да размислуваме како вистински маркетери. Клиентите беа отворени за комуникација, детално ни ги одговорија сите прашања и нејаснотии, па може да кажеме дека самата соработка со нив беше прекрасна.

 

Што ве мотивираше да започнете да градите кариера во светот на дигиталниот маркетинг?

Пред сѐ, е многу интересна, тренди област. Толку многу има за истражување. Можеш креативно да се изразуваш, да ги преточиш твоите идеи во прекрасна реклама за промоција или продажба на некој бренд или производ. Многу често луѓето сметаат дека маркетинг е само промоција, продажба и огласување на интернет. Меѓутоа дигиталниот маркетинг претставува движечка сила во денешницата, неопходен е за секаков вид на бизнис, независно дали се работи за мал, среден или голем. Со самото тоа добиваме задоволни клиенти, а исто така и публика.

 

И за крај, најважната лекција што ја научивте до сега од предавањата?

  • Никогаш не престанувај да истражуваш.
  • Квалитет, не квантитет.
  • Секогаш ислушувај го клиентот и ти биди тој кој ќе поставува прашања „Зошто”?
  • Колку нешто и да изгледа невозможно, не треба да се откажуваме бидејќи доколку несебично се вложуваме, успехот ќе си дојде сам по себе.

 

Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!