Запознај ја Мери Шукуроска – креативна и комуникативна личност, а воедно и алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг.

По нејзиното комплетирање на програмата, Мери започна на практикантска позиција во маркетинг агенцијата Effectiva, која подоцна резултираше со вработување како Social Media Marketer.

 

Си поразговаравме повеќе со Мери за нејзиното кариерно патување

 

Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделила за останатите?

Јас сум вредна и амбициозна личност со голема страст за индустријата за дигитален маркетинг. Моментално сум четврта година на студии по Е-бизнис на Економскиот факултет во Скопје, а исто така, завршив и на Академијата за дигитален маркетинг. Неодамна започнав нова позиција како дигитален маркетер во маркетинг агенцијата Effectiva каде што го применив во пракса моето знаење и искуство. Имам одлични комуникациски вештини, што ми овозможува ефективно да комуницирам со широк спектар на луѓе. Јас сум организирана, комуникативна и креативна личност подготвена за нови предизвици. 

 

Зошто баш дигитален маркетинг?

Дигиталниот маркетинг овозможува да ја ослободимe нашата креативност и да создадеме иновативни кампањи кои го привлекуваат вниманието на публиката. Дигиталниот маркетинг е динамично поле кое постојано се развива со нови технологии и трендови. Овој избор значи да се посветиме на доживотно учење и да останеме ажурни со најновите случувања во индустријата.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

На Академијата се стекнав со големи знаења од областа на дигиталниот маркетинг. Инструкторите беа целосно посветени на нашата работа и беа супер достапни за сите прашања што ги имавме. Соработката со колегите беше на одлично ниво. Целокупно, Академијата дури и ги надмина моите очекувања. 

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Воглавно се вклопив во сите модули коишто се изучуваа, а онаму каде што имав потешкотии ги надминував со помош на посветените инструктори. Најголемиот предизвик беше креирање на целосна маркетинг стратегија како завршен проект. Имаше доста задачи коишто требаше да се направат и да се инкорпорира целокупното знаење што го стекнавме во текот на Академијата. Но, со голема посветеност и желба за успех сето тоа се постигна без никакви проблеми. 

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Најинтересен модул ми беше Social Media Marketing. Уште пред да се запишам на Академијата знаев дека тоа е тоа што сакам да го работам. Сакам да сум во чекор со сите трендови и сите случувања online, па можеби затоа и овој модул ми беше најблизок до мене како личност. Social Media Marketing е поле кое бара континуирано учење, лесна приспособливост и нуди големо задоволство од видливите резултати. Се интересирам за социјалните медиуми, креирање стратегии, креирање кампањи, подготвување на контент, анализирање на постигнатите резултати…

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг започна да ја градиш својата кариера како Social Media Marketer во компанијата Effectiva. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Можеби за другите барањето на работа е тежок и долг процес, но со помош на оваа Aкадемија тоа беше лесно и брзо. Започнав како практикант 2 месеци во маркетинг агенцијата – Effectiva. По истекувањето на практикантската работа, се вработив како Social Media Marketer, каде со помош на моите колеги и средината во која се наоѓам секојдневно учам нови работи и се надградувам во оваа индустрија.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад дигитален маркетер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

Од мене се очекува да сум посветена и редовна на работното место, навремено да ги извршувам моите задачи, да сум во чекор со сите новости и трендови, како и да сум упорна за уште многу учење и надградување во сферата на дигиталниот маркетинг. 

Моите задачи би биле поставување месечни планови за дигитални медиуми, креирање кампањи и стратегии, изработка на месечни анализи за перформансите на сите профили, имплементирање e-mail кампањи и да придонесам да се зголеми видливоста на компанијата.  

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?

За оние што сакаат да направат кариерна промена, но и за оние кои се на старт на кариерата им препорачувам да се впуштат во сферата на дигиталниот маркетинг. Оваа професија е доста предизвикувачка и обезбедува огромен простор за личен и професионален раст.

Дигиталниот маркетинг постојано се развива со нови технологии, платформи и стратегии. Ова значи дека секогаш има нешто ново за учење и можности да останеме во тек со најновите трендови, што ја прави возбудлива и интелектуално стимулирачка оваа професија.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

 

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!